Фармацевти
Контакт

<< Назад

Вежби за ослободување од стрес

март 25, 2016

[vc_column width="1/1"]Игор Тица

Докажано е дека стресот е штетен како за телото така и за психата, па против него треба да се бориме со редовно вежбање и различни техники за опуштање

Вежбање на справи, часови по јога, возење велосипед, трчање, пливање или одење, се вистински сојузници во борбата против стресот, бидејќи го зацврстуваат телото и ја релаксираат психата. Меѓутоа, кога сме под стрес дишеме забрзано, плитко и неизедначено, па треба да се прават вежби за дишење, кои ќе нè доведат во состојба на опуштеност.

Вежби за длабоко дишење: Треба да се концентрирате воздухот во белите дробови да влегува полека, вдишениот воздух се задржува 5 минути, а потоа полека се испушта преку устата која ја местиме како да сакаме да свириме, со броење до 10.

Вежби за бавно дишење: Треба да се задржи здивот 10 секунди, па да се продолжи со дишење, но така што вдишувањето и издишувањето да траат по 3 секунди. По 60 секунди повторно да се запре здивот десетина секунди и да се повтори вежбата. Добро е циклусот да се повтори 5 пати.

Абдоминално дишење: За да го научите абдоминалното дишење, легнете, ставете ја едната рака на стомак, а другата над градната коска. Ако раката на стомакот се крева повеќе од таа на градие, дишењето е правилно.

Постојат многу техники и вежби за релаксација на телото, а една од основните е мускулна релаксација.

Мускулна релаксација:Мускулите се затегнуваат 5, а се опуштаат 10 секунди. Групата мускули се контрахира и се опушта по два пати, па се преминува на следната група. Се почнува од шаките кои се стискаат во тупаница па се опуштаат, па се преминува на мускулите на рацете. Потоа, челото се собира, па се опушта, потоа очите цврсто се затвораат па се отвораат. Се преминува на устата која се собира, па се опушта и јазикот, кој се контрахира со притисок на забите. Вратот се контрахира со притисок на брадата на градите, па потоа се опушта.

Потоа се преминува на мускулите на трупот. Прво се подигаат рамената нагоре, па се спуштаат, потоа рамената се „туркаат“ наназад, па нанапред. Потоа се затегнуваат мускулите на стомакот, па се опуштаат, па истото се повторува и со мускулите на задникот. Вежбите за мускулите на нозете почнуваат од бутините, со стискање со колената, па се опуштаат, потоа со свиткување на стапалата кон потколеницата.

Вежбите за мускулна релаксација треба да се комбинираат со вежби за дишење, сè додека не се прават по автоматизам, како пливање или возење велосипед.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>