[vc_column width="1/1"]Совладајте го стресот, заморот и исцрпеноста со најпознатиот антистрес минерал – магнезиум
Најчести манифестации на заморот, исцрпеноста и стресот се главоболка, болки во мускулите и зглобовите, лошо паметење и концентрација, тешко утринско будење, забрзана работа на срцето, лошо варење на храната, но и проблеми со кожата и косата.
Внесот на минерали е од големо значење, а особено внесот на минералот познат по своето антистрес дејство – магнезиум ! Благодарејќи на современите фармацевтски облици на суплементи (директ формите, на пример), консумирањето магнезиум денес е многу подостапно.
Кога сме под стрес потребата на организмот за магнезиум нагло расте, а неговиот недостиг е поврзан со хроничниот, емоционалниот и менталниот стрес! Магнезиумот во стресните ситуации го блокира отпуштањето на хормонот на стрес и го ублажува неговото дејство. Со јакнењето на клетките кои ги обложуваат крвните садови, магнезиумот може да го забави проодот на хормонот на стресот во крвните садови и нивното последично стеснување. Работата на срцето зависи од нормалното ниво на магнезиум, кој го намалува крвниот притисок и овозможува правилен срцев ритам.
Магнезиумот е поддршка на кардиоваскуларниот, нервниот, но и системот за дишење. Кога во организмот нема доволно магнезиум, се намалува и нивото на мелатонин – хормон кој го регулира сонот. Мигрената и главоболката често се придружени со стрес, замор и исцрпеност. Истражувањето на една клиника во Минхен покажало дека зачестеноста на нападите на мигрена по спроведена двомесечна терапија со 600 мг магнезиум, се намалила за приближно 40 проценти. Магнезиумот ги опушта крвните садови во мозокот и со тоа ги спречува нападите на мигрена.
Се подобрува и белодробната вентилација, се јакнат респираторните мускули, се зголемува прокрвеноста на белите дробови и способноста за преземање кислород. Се зголемува менталната способност, толеранцијата на стрес, релаксацијата и квалитетот на сонот, се намалуваат симптомите на депресија и анксиозност. Кога со суплементи или преку исхрана внесуваме доволно магнезиум, нема да оставиме простор за стресот и исцрпеноста.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци