[vc_column width="1/1"]
Совети за лекување на астма и ХОББ, хронична опструктивна белодробна болест
Астма и ХОББ
Астма и ХОББ - хроничната опструктивна белодробна болест, претставуваат хронични болести на респираторниот систем кои се во сè поголем пораст. Нивните симптоми, како што се стеснување на дишните патишта и отежнато дишење, се всушност последица на воспаленија. Воспалението кај астма се појавува како последица на имунолошки одговор, или некоја форма на алергиска реакција, а кај ХОББ воспалението се појавува како последица на хроничен бронхитис или пулмонарна емфизема, кои предизвикуваат чести и тешки инфекции во раната возраст, нечист воздух и посебно пушење цигари.
Симптоми на астма
Астмата се манифестира со специфични симптоми:
• Упорна сува кашлица, особено во текот на ноќта и во раните утрински часови.
• Чувството на притисок и стегање во градите со недостаток на воздух (особено при напорни активности).
• Чудно свирење во градите при дишење.
Во текот на астматичните напади, дишните патишта посилно се стегаат заради што пациентот не може нормално да дише, со што се зголемува чувството на страв. Нападите може да бидат повремени, само при изложеност на „поттикнувачи“, како што се настинка, стрес, голем физички напор, контакт со алергени, или може да бидат чести, посебно доколку болеста не се третира соодветно. Доколку болеста се третира правилно, нападите и симптомите може целосно да се избегнат подолго време, па дури и неколку години.
Симптоми на ХОББ
• ХОББ првично се појавува во форма на отежнато дишење, недостаток од здив и повремена сува кашлица.
• Со напредокот на болеста симптомите стануваат се поизразени, а во дишните патишта доаѓа до прекумерно создавање на слуз, кој дополнително го отежнува дишењето, предизвикувајќи кашлица со секрет и неможност за искашлување.
• Со ХОББ често се појавуваат и вирусни и бактериски инфекции.
ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
ХОББ, за жал, не може да се излечи, но редовната и правилна примена на лекови може да ја забави прогресијата на болеста.
ДОКОЛКУ ВИ БИЛА ДИЈАГНОСТИЦИРАНА АСТМА ИЛИ ХРОНИЧНА ОПСТРУКТИВНА БЕЛОДРОБНА БОЛЕСТ – НИЕ ВО АПТЕКИТЕ BETTY ВИ ПОМАГАМЕ СО НАШИТЕ СОВЕТИ КАКО БИ МОЖЕЛЕ УСПЕШНО ДА ГИ КОНТРОЛИРАТЕ СИМПТОМИТЕ НА БОЛЕСТА.
Лекување на астма
Астмата се лекува со лекови: бронходилататори кои го олеснуваат дишењето и инхалациски кортикостероиди кои го смируваат воспалението.
• Бронходилататорите делуваат само на олеснување на симптомите така што ги прошируваат дишните патишта и овозможуваат полесно дишење.
• Инхалациските кортикостероиди го смируваат воспалението и ја намалуваат тежината на болеста.
• За лекување на тешки форми на болеста постојат инхалациски лекови кои содржат и бронходилататор и кортикостероид, а понекогаш мора, некое време, да се применуваат и орални кортикостероиди.
ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Заболените од астма често прават грешки кога за време на отсуство на симптомите самоиницијативно престануваат со земањето на кортикостероиди, што доведува до повторна појава на симптомите. Всушност, колку е помала потребата за примена на бронходилататори, толку е подобра контролата на болеста а одлуката за престанок на земањето лекови или намалувањето на дозата може да ја донесе само лекарот.
Лекување на ХОББ
• ХОББ се лекува на истиот начин како астмата: со бронходилататори и инхалациски кортикостероиди кои, за жал, не се толку ефективни како кај астмата така што вистински лек за ХОББ сè уште не постои.
• Постојат инхалациски лекови кои содржат и бронходилататор и кортикостероид, а пациентите често користат и теофилин.
• На пациентите, заради инфекции, често им се препишуваат антибиотици, додека пациентите со тешка форма на болеста треба да добиваат кислород.
Инхалациски лекови
Астмата и ХОББ се лекуваат со инхалациски лекови, што значи дека имаат посебни помагала, апликатори, со кои се вдишуваат преку устата. За правилно лекување, односно за постигнување на саканиот ефект на лекот, неопходно и важно е пациентите и нивните старатели да научат како правилно да го земаат лекот. Треба да научат како се користи апликаторот, дали има пумпица за прскање или треба да повлечете со вдишување, како да вдишат при земањето на лекот, како да издишат, како да ја измијат устата по примањето на лекот. Постапката треба да ја вежбаат заедно со здравствените работници, медицинските сестри и лекарите бидејќи пациентите често имаат проблеми при земањето на лекот, посебно ако станува збор за деца и постари лица.
Добри навики за контролирање на астмата
Астмата може успешно да се контролира со менување на начинот на живот.
• Важно е редовно да се мери PEF (врвен експираторен проток), како што лекарот му кажал на пациентот, со цел подобра контрола на болеста.
• Ако причината за појава на астма е алергија, треба да се избегнуваат алергените.
• Ако се познати „поттикнувачите“ на напади, истите треба да се сведат на најмало можно ниво: избегнувајте стрес, одмарајте се доволно, редовно внесувајте разновидна храна, применувајте соодветни физички активности.
• Пациентот треба да го вежба она што е потребно да го направи во случај на напад и како да го смири истиот без страв и паника.
АСТМАТА И ХОББ СЕ ЛЕКУВААТ СО ИНХАЛАЦИСКИ ЛЕКОВИ КОИ СО ПОМОШ НА АПЛИКАТОР СЕ ВДИШУВААТ ПРЕКУ УСТАТА. КОРИСТЕЊЕТО АПЛИКАТОРИ ПОНЕКОГАШ Е ПРОБЛЕМАТИЧНО ЗА ДЕЦАТА И ПОСТАРИТЕ ЛИЦА ПА ЗАТОА ПОСТАПКАТА НА КОРИСТЕЊЕ ТРЕБА ДОБРО ДА СЕ ИЗВЕЖБА СО ЗДРАВСТВЕНИТЕ СТРУЧНИ ЛИЦА, МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ И ЛЕКАРИТЕ.
ХОББ бара промена на начинот на живеење
• Заболените од ХОББ мораат да го променат начинот на живеење, првенствено да престанат со пушењето, но и да избегнуваат престој во места каде се пуши или има нечист воздух.
• Треба редовно да внесуваат разновидна храна и задолжително и редовно да практикуваат соодветна физичка активност.
• Неопходно е да се заштитат од инфекции, најдобро преку добра хигиена на рацете и да избегнуваат средби со настинати лица.
• На сите заболени од ХОББ посебно им се препорачува вакцинација против грип.
За повеќе совети обратете се во аптеките на BETTY.