Фармацевти
Контакт

<< Назад

Настинка

април 13, 2016

[vc_column width="1/1"]

Совети за ублажување на симптомите на настинка

Настинка и грип

Настинката е инфекција на горниот дишен тракт која е предизвикана од различни видови вируси. Во зима настинката се појавува почесто бидејќи вирусите се развиваат на ладни температури, повеќе време поминуваме во затворени простории и недоволно ги проветруваме просториите а почести се и контактите со заболени лица, што помага во ширењето на заразата. Настинката и грипот се различни болести, бидејќи се предизвикани од различни видови вируси и имаат различна клиничка слика, односно симптоми. Грипот го предизвикува вирусот на грип. Постојат неколку видови грип, а се појавуваат во периодот меѓу октомври и април.

Cold_2_site

Намалување на зголемена телесна температура
Зголемената телесна температура е знак на болест и се јавува заради активирање на имунолошкиот систем. Опсегот на нормални вредности на телесна температура измерени под пазува (аксиларно) започнува од 36 °C до 37 °C, односно од 36,5 °C до 37,5 °C при ректално мерење (во дебелото црево).
• Температурата треба прво да се намали со ладни облоги и краткотрајно туширање со млака вода.
• Земањето лекови против зголемена температура (ацетилсалицилна киселина, парацетамол или ибупрофен), со доза приспособена на возраста, се препорачува кај возрасни лица кои имаат зголемена температура над 38 °C и кај мали деца над 37,5 °C. Малите деца не смеат да земаат ацетилсалицилна киселина.
• При зголемена телесна температура важно е внесување поголеми количини течности, најдобро вода или топол и благ билен чај.

Ринитис или воспаление на слузницата на носот
Воспалението на слузницата на носот, ринитис или поленска треска, се појавува заради иритација на слузницата, при што се појавува течење на носот заради зголеменото лачење на воденест секрет, затнатост на носот заради секретот кој станува мукозен и густ и отекување на слузницата, кивање и чешање заради иритација на слузницата и привремено губење на чувството за мирис. Болеста понекогаш може да се искомплицира со ширењето на вирусот во синусите или дополнителна инфекција со бактерии што би резултирало со воспаление на синусите, односно синузитис. Со проширување на воспалението на увото се појавува воспаление на ушите или отитис, кое е многу честа појава кај малите деца.

Кај ринитисот корисно е испирање на носот со физиолошки раствор или морска вода, што го намалува воспалението, го олеснува дувањето на носот и го забрзува природното обновување на слузницата. Лековите познати како деконгестиви го намалуваат отекувањето на слузницата на носот, а со тоа и течењето и затнатоста. Може да се применуваат во форма на капки и спрејови за нос, а поретко во форма на таблети.

При лекувањето на ринитис може да помогнат и посебни масти за нос кои ја ублажуваат надразнетата кожа и слузница на носот заради честото бришење и самото воспаление. кои ја хранат и навлажнуваат кожата, често со додаток од витамините А, Ц и Е, како би можело да се одржи нејзиното здравје.

НИЕ ВО АПТЕКИТЕ BETTY СО ЗАДОВОЛСТВО ЌЕ ВИ
ПОМОГНЕМЕ СО НАШИТЕ СОВЕТИ АКО ВЕ МАЧИ НЕКОЈ ОД СИМПТОМИТЕ НА НАСТИНКА КАКО ЗГОЛЕМЕНА ТЕМПЕРАТУРА, БОЛКИ ВО ГРЛОТО ИЛИ ВОСПАЛЕНИЕ НА СЛУЗНИЦАТА НА НОСОТ.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Здравствените стручни лица препорачуваат примена на деконгестив најмногу до 5 дена како би се спречила појавата на несакани последици, односно екстремна сувост на слузницата и затнатост на носот. Треба да се спомене дека јачината и дозата на деконгестивот зависат од возраста на заболеното лице.

Лекување на болките во грлото
Воспалението на грлото го чувствуваме како болка, печење или гребење во грлото, отежнато голтање, сувост на слузницата во грлото, засипнатост или губење на гласот. Болките во грлото се предизвикани од вируси кои предизвикуваат обична настинка, а поретки се бактериските инфекции на грлото.
• Болките во грлото при настинка се лекуваат со антисептици и средства за дезинфекција за грло во форма на пастили, спрејови за уста или раствор за гаргара бидејќи го смируваат воспалението и спречуваат дополнителни инфекции.
• На пастилите и спреовите често им се додаваат и средства против болки, а ако болката е посилна, може да се земаат и таблети против болки: парацетамол, ацетилсалицилна киселина или ибупрофен.
• Пијте доволно течности кои ја навлажнуваат и испираат надразнетата слузница на грлото.
• Земете една лажица мед и оставете да се растопи во устата бидејќи медот има антисептичко влијание, а постепеното растопување стимулира зголемено лачење плунка која го обложува грлото и ги ублажува симптомите.

Ублажување на кашлица
Кашлицата, како и температурата, не е болест, туку само симптом на надразнети дишни патишта. Разликуваме надразлива или сува кашлица и продуктивна или влажна кашлица. Кај настинката најчесто се појавува влажна кашлица заради слевање на секрет од носот.
• Влажната кашлица се лекува со лекови во форма на таблети, сирупи или раствори, кои се нарекуваат секретолитици, бидејќи тие ја разредуваат густата слуз насобрана во бронхиите со што се олеснува искашлувањето.
• Традиционалните билни сирупи кои дејствуваат како секретолитици содржат екстракти од тегавец, јаглика или мајчина душица.
• Сувата кашлица се смирува со лекови кои се нарекуваат супресори, а од традиционалните билни сирупи се користат оние со екстракт од исландски лишаи или слуз од бел слез.

Силниот имунитет и хигиената спречуваат појава на настинка
• Хранете се правилно бидејќи правилната исхрана е основа за силен имунитет бидејќи ги обезбедува потребните количини витамини, минерали и пробиотици.
• Престојот на свеж воздух, доволната количина одмор и сон како и редовната физичка активност го зајакнуваат имунолошкиот систем.
• За зајакнување на имунитетот се препорачува зголемен внес на витамините Б и Ц, како и цинк и бета-глукан.
• Внимавајте на хигиената – редовното миење на рацете и избегнувањето на допирање на носот, усните и лицето со раце ќе ја намали можноста за зараза со вируси, како и редовното проветрување на просториите во кои престојувате.

СИЛНИОТ ИМУНИТЕТ Е НАЈДОБАР СОЈУЗНИК ВО БОРБАТА ПРОТИВ НАСТИНКАТА, А ЗА ДА ГО ЗАЈАКНЕТЕ, ЗГОЛЕМЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА ВИТАМИНИТЕ Б И Ц, КАКО И ЦИНК И БЕТА-ГЛУКАН.

Кога треба да побарате лекарска помош?
• Ако одеднаш се појават симптоми како изразито силна болка во грлото придружена со висока температура, грозница и слабост.
• Ако температурата над 38 °C не се симнува по земање лек за намалување на температурата или трае повеќе од три дена.
• Ако голтањето е значително отежнато (тешко голтање на вода).
• Ако дишењето е отежнато или при дишење се слуша „свирење“.
• Ако се појави болка во синусите (болка над очите или во внатрешната страна на образите покрај носот, особено при наведнување на главата).
• Ако болката во грлото трае повеќе од една недела при земање антисептик за грло.
• Ако кашлицата трае подолго од десет дена при земање лекови против кашлица.

За повеќе совети обратете се во аптеките на BETTY.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>