Фармацевти
Контакт

<< Назад

Детско здравје

април 13, 2016

[vc_column width="1/1"]

Совети за здраво и среќно растење

Заштита од болести

Детското здравје значајно влијае на здравото и безгрижно растење, а усвојувањето здрави животни навики е важен услов за одржување на здравјето во зрелата и поодмината возраст. Заштитата од болести се спроведува со програмата за задолжителна вакцинација, редовен лекарски надзор на децата во текот на предучилишната и училишната возраст, а посебно со систематски прегледи при кои се утврдува телесниот и психичкиот развој на децата, се согледуваат негативните влијанија врз неговото здравје и се откриваат вродени или стекнати аномалии.

Kids_2_site

Програма за задолжителна вакцинација
Во последно време се водат дебати околу безбедноста на вакцините и многу родители се исплашени од несаканите ефекти, а некои сметаат дека не е потребно децата да се вакцинираат со оглед на тоа дека нема појава на некои заразни болести. Стручните лица, епидемиолози се согласуваат дека вакцините имаат свои несакани ефекти, но децата треба да се вакцинираат бидејќи тоа е единствениот начин на заштита од заразни болести и на поединецот и на општеството. Во Македонија е на сила програмата за задолжителна вакцинација и им се препорачува на сите родители за дилемите во врска со вакцините да разговараат со лекарот на детето или стручно лице епидемиолог.

Правилна исхрана на секоја возраст
• Правилната исхрана на детето започнува уште со доењето. Мајчиното млеко во првите шест месеци од животот е најдобрата храна за новороденчето и ги задоволува сите прехранбени потреби за негов раст и развој, го штити од првите инфекции и е важно за ментален и когнитивен развој на детето.
• Мајките кои не можат да дојат треба со помош на лекар или фармацевт да изберат квалитетна млечна храна приспособена на возраста и потребите на доенчето.
• На возраст меѓу 4 и 6 месеци во неговата исхрана полека се воведуваат и други видови храна, а од 12 месеци до три години, покрај приспособената млечна храна, детето треба да се научи на разновидна храна.
• Исхраната на постарите, посебно на децата од училишна возраст, бара високохранливи производи, распоредени во пет редовни оброци. Основна исхрана се лебот и тестенините од интегрални житарки, кои ќе им дадат енергија, овошјето и зеленчукот како извор на витамини, минерали и растителни влакна, месото, рибата и јајцата од кои се добиваат протеини и масти и секако млечни производи кои на нивниот оранизам ќе му обезбедат калциум, протеини и масти.

ПРАВИЛНАТА ИСХРАНА НА ДЕТЕТО ЗАПОЧНУВА УШТЕ СО ДОЕЊЕТО, НО БИДЕЈЌИ НЕКОИ МАЈКИ НЕ МОЖАТ ДА ДОЈАТ, НИЕ ВО АПТЕКИТЕ BETTY ИМ ПОМАГАМЕ СО СОВЕТИ ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ЗАМЕНА ЗА МЛЕКО ЗА ДОЕНЧИЊА.

Важноста на физичката активност
Физичката активност на детето е важна за развојот на коските, мускулите и имунитетот, координацијата и телесната сила, ја спречува прекумерната тежина и значајно влијае на правилниот психички развој на детето бидејќи го подобрува расположението, ја зајакнува самодовербата и го учи детето на социјални односи. Децата треба да се охрабруваат да се вклучат во некои физички активности со забавни игри на отворено, а во училишна возраст треба да им се овозможи барем еден час дневно да се бават со некаков вид физичка активност. Препораките на сите здравствени работници се дека без оглед колку е тешко и напорно, потребно е да го ограничите времето кое детето го поминува пред телевизор или компјутер на најмногу час и половина до два часа дневно. При тоа детето треба да се охрабрува да се забавува со едукативни содржини и игри кои ја развиваат брзината и координацијата, способноста за концентрација и решавањето проблеми, а треба да се избегнуваат агресивните содржини бидејќи често поттикнуваат насилничко однесување, социјална изолација и непрепознавање на реалноста. Од неодамна постојат и докази за развој на форми за зависност од игри.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Слатките треба да им се даваат на децата разумно и повремено, а количините на сол и шеќер значително да се намалат.

Зголемена телесна температура - симптом на болест
Детските болести се нормална појава во текот на растењето, а посебно чести се настинките, но секако мораме да се обидеме да ги спречиме и да ги намалиме нивните симптоми.
• Зголемената телесна температура е најчесто прв симптом, но таа воедно и значи дека организмот се бори против причинителот.
• По правило, температурата кај доенчињата треба да биде пониска од 37,5°C, а кај деца од под 38°C, иако тоа зависи од самото дете кое преку промените во однесувањето (замор, поспаност, плачење, раздразливост) покажува колку му е тешко.
• Детето треба да биде лесно облечено, да му се даваат многу течности и да се намалува температурата со ладни облоги или туширање со млака вода.
• Ако температурата на детето не се намалува или повторно пребрзо се зголемува, треба да му дадете лек за намалување на зголемената телесна температура: парацетамол или ибупрофен во доза која одговара на неговата возраст.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Треба да се побара лекарска помош ако се појават очигледни промени во однесувањето, одбивање храна, забрзано дишење, дијареја без или со повраќање, промени на кожата (осип, значително бледа кожа или помодрување) и болка. За разлика од малите деца, постарите деца може да ни кажат како се чувствуваат па со нив е полесно да се комуницира и дознае што не е во ред.

ДЕЦАТА НЕ СЕ МАЛИ ЛУЃЕ И ЗАТОА НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ДАВААТ ЛЕКОВИ ИЛИ БИЛНИ ПРЕПРАТИ БЕЗ СОВЕТУВАЊЕ СО ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.

Лекови за деца
Лековите за деца треба да бидат внимателно избрани во однос на нивната возраст, односно телесната тежина. На децата никогаш не треба да им се даваат никакви, па ни билни лекови без советување со лекар или фармацевт кој ќе оцени дали треба воопшто да им се дава лек, кој лек е најсоодветен и во колкава доза. Лековите не се нешто од кое треба да се плашиме и не треба да го избегнуваме нивно земање и доколку лекарот препише лек, треба да се дава точно онака како што е наведено и онолку долго колку што е пропишано (посебно антибиотиците). Лековите за деца поминуваат низ многу строга контрола на квалитетот и сигурноста и се наменети за олеснување на симптомите, спречување влошување на болеста и нејзино лекување.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Лековите мора да се чуваат подалеку од дофат на деца од која било возраст бидејќи малите деца може да помислат дека се бонбони, а поголемите деца може да експериментираат со нив од љубопитност.

За повеќе совети обратете се во аптеките на BETTY.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>