Фармацевти
Контакт

<< Назад

Нега на кожа

април 13, 2016

[vc_column width="1/1"]

Совети за правилна нега на кожа

Здравје на кожата

Кожата е заштитна покривка на телото, која е првата линија во одбрана против навлегување на микроорганизми, го одржува балансот на телесни течности, преку потењето ја регулира телесната температура и спроведува дразби, од допир до болка. Изгледот на кожата влијае и на личното доживување на себеси, а со тоа и на психата. Здравјето на кожата зависи од тоа колку влага и маснотии содржи, а треба да има еднаква боја, да биде мазна и мека. Но, кога кожата ќе ја изгуби влагата и еластичноста, сувоста се гледа и чувствува и кожата станува сè почувствителна на надворешни влијанија и склона кон различни воспаленија. Негата на кожата зависи и од возраста бидејќи со текот на годините кожата се менува.

Skin_2_site

Нега на детска кожа
Дури и кога нема никакви потешкотии, кожата на бебињата и децата е најосетлива и бара посебна нега. Ако на тоа ги додадеме секојдневните иритации како осип од пелените, гребаници, сува кожа, ќе видиме дека е од клучно значење да се изберат производи за нега и хигиена кои обезбедуваат 100% толеранција за чувствителна кожа.

Нега на младешка кожа
Во текот на адолесценцијата кожата созрева, исто како и остатокот од телото.
Речиси 85% од младите на возраст од 16 до 25 години имаат проблем со мрсна кожа и кожа склона на акни. Проблемот со младешки акни често се смета за вообичаена минлива болка во пубертетот, иако тоа претставува болест која, ако погрешно се лекува, може да доведе до голем број на компликации. Лекувањето на акните треба да се започне со посета на дерматолог кој ќе предложи индивидуална терапија и ќе даде упатства за секојдневна нега на кожата. Тешките случаи на акни треба да ги лекува дерматолог.

Нега на зрела кожа
Во зрела возраст кожата постепено ја губи влажноста и еластичноста. Горниот слој станува потенок и може да се забележат првите брчки околу очите и усните. На постара возраст треба во поголема мера да се користат производи кои ја хранат и навлажнуваат кожата, често со додаток од витамините А, Ц и Е, како би можело да се одржи нејзиното здравје.
Стареењето на кожата е забрзано од сонцето, неправилната исхрана, никотинот и стресот. Постојат сè повеќе производи кои ја прават кожата мазна, посебно таа на лицето, но важно е да се биде внимателен и да се избере квалитетен производ бидејќи може да се појават најразлични воспаленија на кожата предизвикани од прекумерна и несоодветна нега.

НЕГАТА НА КОЖАТА ТРЕБА ДА СЕ ПРИСПОСОБИ СОГЛАСНО НЕЈЗИНИОТ ТИП И ВОЗРАСТА НА ЛИЧНОСТА. НИЕ ВО АПТЕКИТЕ BETTY ВЕ СОВЕТУВАМЕ КАКО ДА ГО НЕГУВАТЕ СЕКОЈ ТИП НА КОЖА, КОЖАТА НА БЕБИЊАТА И ТРУДНИЦИТЕ, МЛАДЕШКАТА И ЗРЕЛАТА КОЖА КАКО И КОЖАТА СКЛОНА НА ДЕРМАТИТИС.

Нега на кожа според типот
• Нечистата кожа склона на акни треба да се чисти со производи за нега на акни и нечиста кожа и да се негува со хидрирачки и немасни креми, при што мора да се внимава кожата да не се исуши со премногу агресивни производи. Обезбедете ѝ на кожата доволна количина влага и негувајте ја со емулзии и гелови.
• Сувата кожа се негува со богати креми кои содржат хранливи состојки и на сувата кожа ѝ овозможуваат моментално олеснување на чувството на затегнатост и непријатност.
• Осетливата кожа бара посебна нега во зависност од проблемот, како што се на пример препарати против црвенило.

Кожата и сонцето
Кожата и сонцето се големи пријатели, но и непријатели. На кожата за да биде здрава и е потребно изложување на воздух и сонце, но сонцето, освен што го забрзува нејзиното стареење, може и трајно да ја оштети кожата. Во подлабоките слоеви на кожата слободните радикали кои настануваат под влијание на УВ зрачењето предизвикуваат влошување на клетките и многу опасни промени на ДНК на кожата, а последиците може да бидат трајни и неповратни повреди на кожата, па дури и тумори. Затоа изложувањето на сонце треба да се ограничи до 9 часот наутро и после 16 часот во попладневните часови, а кожата треба да се мачка со средства за заштита од сонце кои содржат УВА и УВБ заштитни фактори.
Сепак, бидејќи ефектот на овие производи е временски ограничен, дополнително треба да се заштитите со носење заштитна облека и престој во ладни простории.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ:
Посебно внимание треба да се посвети на заштитата на детската кожа од сонцето бидејќи со прекумерно изложување на сонце во кожата се акумулираат оштетувања предизвикани од УВ зраци при што може да се појават болести на кожата уште во периодот на адолесценција.

Совети за лекување атописки дерматитис
Воспалението на кожата или дерматитисот е најчеста болест на кожата, а во зависност од причините, постојат, на пример, контактен дерматитис, алергиски дерматитис и слично.
• Атопискиот дерматитис или хронична егзема претставува воспалителна болест на кожата, поврзана со наследни алергиски болести, иако вистинската причина за болеста не е позната.
• Во кожата постои намалување или губење на липидниот слој, кој ја задржува влагата и ѝ обезбедува на кожата влажност, еластичност и отпорност на надворешни влијанија, а кожата станува многу сува со помалку или повеќе видливо црвенило и чешање.
• Во зависност од сериозноста на воспалението, кожата може да отече, да биде топла на допир, да се појават суви лушпи (красти), а заради чешањето настанува уште појако воспаление и рани.
• Болеста се појавува кај деца и возрасни, а најчесто во периодот на доење, на возраст меѓу 3 и 6 месеци.
• Со созревањето болеста може да премине во поблаг облик, со подолги периоди во кои нема видливи симптоми.
• Се лекува со лекови наречени кортикостероиди, во форма на крема или маст, кои се применуваат во акутната фаза од болеста.
• Постојано треба да се користат креми за омекнување, односно неутрални креми и масти кои ја хидрираат и обновуваат кожата и со тоа спречуваат појава на симптоми или значително ги ублажуваат симптомите.
Исклучително е важно да се применуваат благи произ-води за капење, кои не содржат сапун и мирис и го неутрализираат ефектот на пресушување од водата.

КОЖАТА НА НОВОРОДЕНЧИЊАТА Е НЕЖНА И ОСЕТЛИВА И БАРА ПОСЕБНА НЕГА. ЗАРАДИ ТОА ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТАТ ПРОИЗВОДИ БЕЗ САПУН И КВАЛИТЕТНИ МАСНИ МАСЛА БЕЗ БОЈА И МИРИС КОИ НЕМА ДА ЈА ИРИТИРААТ НЕЖНАТА БЕБЕШКА КОЖА.

Нега на кожата кај трудници
Друга голема промена која се појавува кај кожата настанува кај жените во текот на бременоста. Зголемувањето на нивото на хормони може да предизвика пигментација на кожата, а често се појавуваат и стрии заради ширењето на кожата на градите, стомакот, бутовите и бедрата. Бремените жени треба да ја мачкаат кожата секој ден со посебни креми и масла, на пример, од јојоба или бадем, а лекарите може да им препорачаат и специјални производи за превенција и отстранување на стриите.

За повеќе совети обратете се во аптеките на BETTY.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>