Фармацевти
Контакт

<< Назад

Трчање

мај 10, 2016

Ако сте почетник во трчање прво посоветувајте се со лекар, па почнете со одење и кратко трчање. Пред тренинг загревајте се и размрдувајте се, а по тренингот истегнете се, секогаш слушајќи го своето тело со редовно проверување на пулсот

Поговорката „секој почеток е тежок“, важи и за трчањето, па олеснете си така што ќе се фокусирате на мотивацијата и добро подгответе се за старт. Мотивацијата може да биде „сакам да ослабам“, или „ми треба повеќе кондиција“, важно е да се сетите зошто сте почнале со трчање кога ќе ве фати криза на откажување. Искусните тренери велат дека добрата подготовка подразбира реален и остварлив план за трчање за првиот месец, од кој не треба да се отстапува. Бидејќи, кога еднаш ќе навлезете во светот на трчањето, ќе видите дека трчањето е повеќе од спорт, природна човечка потреба, интересна навика и голема радост.

ПЛАН: Изберете ја својата рута за трчање, во природа или во парк, два до три пати во неделата и не прескокнувајте ни еден тренинг првите 30 дена. Правило е дека е подобро да се трча четири пати во неделата по половина час отколку два пати по два часа. Ако сакате друштво, приклучете се на некоја група за трчање, или убедете некој да ви се придружи. Ако ви е тешко и не можете да истрчате цела стаза која сте ја планирале, одете. Не се откажувајте ни ако е лошо времето, ветровит или дождлив ден, бидејќи знаете како се вели: „нема лошо време само лоша опрема“.

ОПРЕМА: Многу е важно да имате патики за трчање, слоевита и комотна облека, шише со вода и мал ранец за тркачи, кој секогаш ќе го носите на грб и во него ќе  ставате облека, на пример. Добро е да се има и фитнес алка која го мери поминатото растојание и пулсот. Ако ја немате, ништо страшно, слушајте го своето тело, ако претерано се задишувате, забавете и движете се со лесно одење додека не дојдете до здив. Многумина додека трчаат сакаат да слушаат музика, па можете и вие да направите своја плеј-листа која ве инспирира.

ИСХРАНА: Не би требало да се трча со полн стомак. Пред тренинг добро е да се изеде банана, или едно парче интегрален леб со путер од кикиритки или некој друг здрав намаз, да се испие чаша вода или свежо исцеден сок. Ако трчате наутро, половина час пред трчањето подгответе лесен појадок. Ако не можете без појадок, трчајте еден час по јадење.

Дишење, хидратација, одмор
Додека трчате, важно е да ги усогласите чекорите со дишењето и да дишете во ритам. За трчање не користете памучни чорапи, бидејќи ја впиваат потта и можат да ви направат непријатни плускавци, а и ногата во влажни патики се лизга, што може да доведе до повреда. Изберете полиестерски чорапи, кои ги има во продавници за спортска опрема, во нив нозете ќе ви бидат суви, а чекорот сигурен. Пред тренинг задолжително правете вежби за загревање. Никогаш не заборавајте колку е важна хидратацијата за време на трчањето. Дури 95 насто од грчевите кај спортистите и физички активната популација настануваат поради дехидратација. За време на тренинг пијте течности во мали голтки. По тренинг почестете се со ладен зелен чај и свежо цеден сок од овошје и зеленчук. Ако почувствувате тегоби за време на трчањето, забавете и одете со лесни чекори. По тренингот на трчање направете вежби за истегнување.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>