Ублажува воспаленија и ги намалува тегобитепроф. д-р Радиша Јанчиќ
Calendula officinalis L. – невен
Невенот (Calendula officinalis) е едно од најшироко користените растенија во фитотерапијата и народните обичаи. Содржи флавоноиди, тритерпенски сапонозиди, танин, гликозид каледулозид, но и каротеноиди кои на цветовите од невенот му ја даваат прекрасната портакалова боја. Има и етерично масло со непријатен мирис, како и органски киселини. Поради својот сложен состав невенот се користи во терапија на широк спектар болести.
Стебленцето на невенот е аглесто, високо 30-50 см. Листовите во долниот дел на стебленцето се со облик на лопата, во горниот долговидни со облик на стрела, седечки. Цветните главички се 3-5 см, со долги дршки, единечни. Инволукрумот е широко ѕвонест. Плодовите се свиткани кон средината на главичката. Цвета од јуни до октомври. Се претпоставува дека води потекло од Индија.
Поради својата убавина се одгледува и како украсно растение, но цветните главчиња се користат и за ублажување на многу здравствени тегоби. Цветовите со облик на јазик и интензивна боја се берат преку лето и се сушат во тенок слој, на места со провев и сенка.
Цветната главичка на невенот содржи многу сложена мешавина на состојки (пигменти, сапонозиди, стероли, слузи). Дејствувањето се припишува на вкупниот биокомплекс. Невенот дејствува бактериостатски и антивирусно, ги намалува грчевите во органите за варење, го олеснува лачењето на жолчка, ги намалува тегобите кај чир на желудник и помага во зараснување на рани и повреди. Ги ублажува воспаленијата на кожата и слузокожата. Се применува во облик на чај, алкохолен екстракт, лековити масти и мелеми. Екстрактот од невен во вид на таблети е многу популарен имуностимулатор во некои земји.
Поновите истражувања потврдуваат дека невенот дејствува на некои одбранбени способности на ослабениот организам, па во некои земји постојат таблетирани екстракти од цветот на невен, кои како помошна терапија се применуваат кај потешки заболувања.
Листовите од цветот на невен имаат пикантен вкус и може да се стават во салати или да се измешаат со младо сирење. Се додаваат и во супи и варени јадења со месо. Во недостиг на шафран, може, претходно потопени во вода или во млеко, да му дадат жолта боја на оризот или на некои колачи.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци