Масло oд eму
Чудо на природата, моќното оружје на aвстралиските домородни племиња кое треба да го има секој дом во Македонија. Користено со илјадници години, маслото од ему е совршен производ за кожата. Маслото може да се употребува за сите можни состојби на кожата: алергии, црвенила, лузни, стрии, брчки, псоријаза, егзема, дерматитис, изгореници, акни, флеки, сува кожа, мрсна кожа, розацеа, воспаленија, флеки, убоди од инсекти, пеленски егземи, модринки, артритис, опаѓање на косата, теменица, за најмали гребатинки или едноставно ако сакате да имате совршено здрава кожа.
Не се сите масла исти!
Што е масло од ему? Маслото од ему се добива од масните наслаги на ему, главно од поткожните и од ретроперитонеалните масти. На големи пространи фарми низ Австралија птицата ему (Dromaius novaehollandiae) се одгледува поради вкусното и високонутритивно месо кое содржи многу малку холестерол, масти и калории. Како нуспроизвод од животинско потекло мастите од ему подлежат на технолошка обработка преку која се одделуваат заситените од незаситените масти, за потоа преку различни филтри да се добие чисто масло. Поради високата концентрација на олеинска киселина, чистото ему масло има моќни антивоспалителни својства и супериорни продорни карактеристики кои овозможуваат маслото да пенетрира во епидермисот. Маслото од ему е природен извор на омега 3, 6, 7 и 9 есенцијални масни киселини, кои се од суштинско значење за здравјето на човечкото тело и неговата благосостојба, како и витамини А, Д, Е, Ф и К2. Ему маслото е хипоалергено и е погодно за луѓе со чувствителна кожа или хронични кожни заболувања. Со правилно користење на производите кои содржат ему масло, кожата останува мазна, свилена и без масен остаток.
Како се користи маслото од ему? Маслото од ему може да се користи надворешно, но и орално во форма на капсули. Маслото од ему е многу економично и концентрирано, со мала количина се покрива голема површина. Се нанесува на одреден дел на кожата, една мала капка покрива површина на човечка дланка и за многу брзо време маслото ќе се впие во кожата. Маслото може да се употребува по потреба и неколку пати на ден, а освен на кожа не претставува проблем да се нанесе и на отворена рана, изгореница или исеченица.
Масло од ему за свилена и мазна кожа!
Кожни проблеми – Луѓето кои биле соочени со проблеми од овој тип најчесто не се задоволни од помошта на конвенционалните методи за третирање и спасот го бараат во природни одржливи решенија. Маслото од ему има моќни антивоспалителни способности и дава безбеден и природен начин да се намали воспалението, чешањето и лупењето да престанат, кожата да се одржи влажна и да ја прими потребната хранливост која помага во обнова на клетките на кожата.
Бебе – Маслото од ему може безбедно да се користи и кај бебиња, всушност, кај бебиња и деца има најефикасни резултати. Пеленски егземи, атопичен дерматитис, теменица, маслото од ему покажува резултати! Маслото е хипоалергено, не предизвикува иритација на сензитивната бебешка кожа, доколку црвенилата се наоѓаат на лицето маслото може да се нанесува и до самите усни на бебето.
Anti-Aging – Маслото од ему поседува навлажнувачки и хранливи состојки кои го омекнуваат горниот слој од кожата (епидермисот) и истовремено го зголемуваат квалитетот на долниот слој (дермисот) каде што новите клетки се генерираат. Клиничките испитувања имаат докажано дека маслото од ему може да ја зголеми дебелината на кожата за 15% доколку се нанесува два пати дневно за само две недели. Ефективно пополнува брчки, ги измазнува и спречува нивно повторно појавување.
Витамин К2 – Неодамна е откриено дека маслото од ему содржи витамин К2 во слични количини кои може да се добијат од црн дроб на гуска, кој е втор најбогат извор на витамин К2 во природата по традиционалното јапонско јадење „натто“ кое се прави од ферментирана соја. Лошиот мирис на „натто“ како и недостапноста на овие две алтернативи го прават маслото од ему атрактивен извор на природен витамин К2. Најбиолошки активното ему масло кое содржи витамин К2 доаѓа од специфичен ген на ему и може да се најде само во Австралија. Сите останати масла кои доаѓаат надвор од Австралија ја немаат оваа генетика, како последица на вкрстување на различни видови ему. Исто така, предуслов е птиците да се остават да живеат и да се репродуцираат во нивната природна средина, како и да се хранат со нивната природна храна.