Фармацевти
Контакт

<< Назад

Брусница

мај 10, 2016

Прирoден антибиотик

Vaccinium vitis-idaea L. – брусница
Vaccinium macrocarpon Ait. – американска брусница
Vaccinium vitis-idaea L. – брусница

проф. д-р Радиша Јанчиќ

Зимзелена грмушка со тенки, тркалезни гранки налегнати на земја. Листовите се јајцевидни, кожести со црвени дамки на опачината. Цветовите се бели или розеви, собрани во густи гроздови на врвот. Плодот е црвена бобинка, сјајна, горчлива. Расте во иглолисни, мешани листопадно-иглолисни шуми, а цвета во мај и јуни. Се употребува како лековито растение и овошје. Листот се бере на пролет, пред растението да процвета, а плодовите се собираат кога се зрели, на есен.

Vaccinium macrocarpon Ait. – американска брусница

Американската брусница е зимзелена грмушка, налегната на земја, со кожести листови со јајцевиден облик, долги до 20 мм, со цел раб, наизменично распоредени на гранчиња кои во основата се задрвенети. Цветовите се сраснати цветни венчиња со виолетова боја. Плодовите се тркалезни црвени бобинки, поголеми од листовите, со остаток од чашката на врвот. Бобинките се слатко-кисели, по вкус слични на киселите јаболка. Американската брусница расте на влажни места во северните држави на САД и на југот од Канада. На истото подрачје и се одгледува и спаѓа во најважните комерцијални култури. Се употребува како лековито растение и овошје. Плодовите се преработуваат во различни производи. Џем од плодови традиционално е неизбежен додаток на јадењата во САД и Канада за Денот на благодарноста.

Брусницата е одличен извор на многу хранливи, лековити и заштитни состојки кои се користат и во производството на лекови. Богат извор е на флавоноиди (антоцијанини), флавоноли и проантоцијаниди, а содржи и високо ниво на Ц-витамин, провитамин А (како бета-каротин), Б-витамини (Б1, Б2, Б3), калциум, магнезиум, фосфор, калиум, како и влакна. Плодот од ова лековито растение има јако антиоксидативно дејство, а докажано е дека има и антиканцерогено дејство.

За брусницата се вели дека е природен антибиотик, бидејќи го спречува прилепувањето на бактериите за ѕидовите на слузниците во организмот. Благодарение на присуството на биофлавоноиди, ја спречува и појавата на заболувања на непцата, срцето и крвните садови, атеросклероза (стеснување на крвните садови) и компликации кај дијабетес. Се препорачува на сите кои се изложени на стресни ситуации или имаат проблеми во врска со кардиоваскуларниот систем. Чајот од сушени плодови или нивниот екстракт, последните години стана исклучително барано помошно лековито средство во превенција и лекување на инфекции на уринарниот тракт.[vc_column width="1/3"][vc_column width="2/3"]ПрепоракаBETTY CRANBERRY 30% TEA е направен од мешавина на 100% природни состојки, ни помалку ни повеќе. Ви дава незаборавен слатко-кисел вкус и освежување. Ќе го обожавате без разлика дали сте или не љубител на чаеви. Може да се послужи и како здраво ладно освежување за време на толите летни денови.

Секоја филтер кесичка е пакувана во обвивка која дополнително ги чува свежината и мирисот.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>