Повеќегодишно растение со дебел разгранет ризом. Стеблото е високо околу еден метар и е обвиткано со лисја во облик на ракавици. Цветовите се собрани во класови. Брактеите се жолто-зелени и ги потпираат цветовите кои се со розеникави усни.
Расте како самоник во југоисточна Азија, во Индија и Кина каде се користел уште од антички времиња. Од овие земји со карвани се пренесувал во Мала Азија, а потоа во Рим. Тој е еден од првите ориентални зачини што го запознале Европејците, во почетокот на средниот век. Денес ѓумбирот се одгледува во многу тропски региони.
Меѓу блиските сродници на ѓумбирот се и познатите зачински билки турмерик (Curcuma longa) и кардамон (Elettaria sp.)
Се употребува како зачин и како лековито растение. Ѓумбирот е еден од најважните зачини кој се добива од ризом. Во продажба зачинот од ѓумбир е познат како корен од ѓумбир, што е погрешно, се користи, всушност, подземното стебло (ризом) од кое израснуваат мали коренчиња, како и нови зелени изданоци. Се собираат ризоми кои имаат пријатен мирис и остар вкус. Ризомот надворешно е жолт, а внатре е жолтозелен. Содржи скроб, смоли, етерични масла.
Ѓумбирот е чест зачин во јадењата на ориенталната кујна. На Запад често се користи за правење слатки. Во азиските традиционални системи на лекување ѓумбирот се употребува при пречки во варењето, против повраќање и како стимуланс. Истражувањата на составот на етеричното масло од ѓумбир покажале дека тој содржи состојки кои ја подобруваат салвацијата, лачењето на жолчка и желудочни сокови, а лутите состојки дејствуваат против мачнини за време на патувања. Може да се користи во вид на чај или во кандиран облик, како што е случај на Исток. Екстрактот од ѓумбир се додава на некои освежувачки или ферментирани пијалаци.
Во светот, освен на нас познатите, популарни се и газирани пијалаци со екстракт од ризом на ѓумбир, плод од пиперка (Capsicum sp.) и други видови (Smilax sp., Sassafras sp.), а произведувачите од ден во ден лансираат нови производи со егзотични вкусови. Пивото од ѓумбир, со многу малку алкохол, доста е популарно во земјите од англиското говорно подрачје.
Класичната француска мешавина од зачини quatre épices („4 зачини“), која има кулинарска традиција уште од времето на барокот, содржи морско оревче во комбинација со бел бибер, каранфилче и ѓумбир. Покрај нив, можни состојки се и црн бибер, пимент и цимет. Сите состојки се мелат заедно и мешавината се хомогенизира. Се употребува за зачинување на јадења со месо (особено оние кои се варат подолго време – гулаш, јадења од коњско месо), како и за сосови и слатки. Во суштина, ова е вид на „подобрен“ бибер и се додава секаде каде се става бибер, со тоа што дава побогат вкус.[vc_column width="1/3"][vc_column width="2/3"]ПрепоракаBETTY GINGER TEA е направен од мешавина на 100% билни состојки со арома на лимон-лимета и ѓумбир. Има единствен богато ароматичен и пикантно-цитрусен вкус.
Помалку лутиот вкус на ѓумбир ќе ги загрее вашите тело и душа, а лимонот ќе ве освежи. Можете да го послужите и како здраво ладно освежување за време на топлите летни денови.
Секоја филтер кесичка е пакувана во арома обвивка која дополнително ги чува свежината и мирисот.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци