Лекува, смирува, разубавува
Matricaria chamomilla L. (Asteraceae) – камилица, боливач
(Syn: Chamomilla recutita (L.) Rauschert)
проф. д-р Радиша Јанчиќ
Цветната главичка од камилицата содржи сложена мешавина од состојки, лековитоста се препишува на комбинацијата на ефекти од поединечни состојки, дејствува бактериостатски, противвоспалително, помага кај зараснување на рани на слузокожата
Камилицата поволно влијае на варењето храна, лачењето на жолчката и ги опушта грчевите во органите за варење. Чајот од камилица е многу популарен. Се дава на бебиња и на возрасни при пореметување во варењето, надуеност и болки во стомакот. Камилицата често се комбинира со други билки во вид на чај или алкохолни екстракти. Екстрактите и етеричното масло од камилица наоѓаат широка примена во фармацевтската и, особено, во козметичката индустрија. Во западна Европа расте и се одгледува Anthemis nobilis L. – римска камилица, со слични својства и употреба.
Еве што за камилицата вели големиот познавач на лековитите билки, професорот Јован Туцаков: „Против надуеност, гасови, тегоби и пореметување во стомакот има значаен број на мирисни (ароматични) билки, меѓу кои првото место го зазема камилицата“. Во Лондон, Париз и другите големи медицински центри лекарите и аптекарите за нашата камилица велат: „Вашата камилица е навистина предобра, но, за жал, никогаш ја немаме доволно“, а две професорки од Универзитетот од Филипини во 1954 година, рекле: „Ние на конгрес во Париз дојдовме со авион; патувавме два дена и две ноќи и немавме никакви пречки во органите за варење, не здодевавме никому, зашто цел пат наместо вода пиевме јак чај од вашата камилица“.
„Лицата кои страдаат од хронични пореметувања на органите за варење, исто така, се фалат дека камилицата најмногу им помага. Бебињата кои често имаат болки и грчеви во стомакот се смируваат и заспиваат по неколку лажички „камилтеј“.
Камилицата е едногодишна билка со карактеристичен мирис, висока 10-60 см. Стебленцето е разгрането. Листовите се 2-3 пати делени во вид на перја. Главичките со цветови се поединечни со долги дршки. Основата на цутовите е конусно издолжена, шуплива. Средишните цветови се жолти, периферните бели. Плодовите се ахении со 0,82 мм, долгнавести, со маслени жлезди. Цвета од мај до септември. Камилицата е широко распространет вид во средна и јужна Европа и во умерените области на Азија. Се одгледува. Цутовите се берат кога белите, периферните цветови се во хоризонтална положба, се сушат внимателно на место каде што има сенка и промаја или во сушари. Етеричното масло се добива со дестилација на цутовите или целата херба на камилица. Има интензивно сина боја.[vc_column width="1/3"][vc_column width="2/3"]ПрепоракаBETTY CAMOMILE TEA е билен чај од цветови од камилица со препознатлив пријатен мирис кој опушта и смирува. Најдобар е кога е свежо подготвен и топол кога етеричното масло од камилица, кое му дава благотворни својства, оптимално дејствува.
Подгответе само една шолја од чај од камилица кога сакате да се опуштите и да уживате во безброј користи кои таа ви ги носи. Можеби токму тоа е она што ви е потребно мирно да спиете во текот на ноќта.
Секоја филтер кесичка е пакувана во арома обвивка, која дополнително ги чува свежината и мирисот.