Фармацевти
Контакт

<< Назад

Сам свој шапкар

јануари 14, 2015

[vc_column width="1/1"]Катарина Вијатов

За среќен живот се потребни грст ориз и шешир од слама, вели една стара кинеска поговорка

Со причина дизајнерите ги обожуваат шеширите, затоа што тие одамна ја надминаа својата основна фунција да ја штитат главата од сонце и се претворија во интересен моден детаљ, кој ги трпи сите трансформации и креативни зафати. Најнеобични, екстравагантни облици не се гледаат само на ревиите на висока мода, туку и на хиподромите ширум светот, каде што дамите во публиката се натпреваруваат чиј шешир ќе привлече најголемо внимание. Вистински подвижни градини, кафези за птици и необични скулптури ги разубавуваат главите и на венчавките, особено кралските, забавувајќи ги набљудувачите со своите ексцентрични облици.

Но, не мора да бидете член на кралско семејство за на глава да носите уникатен шешир со необични детали и украси. Забавен и весел модел можете да направите и во домашна режија, по систем „сам свој шапкар“. Од материјали потребни ви се: едноставен шешир од слама, може и стар и оштетен, цвеќе, ленти, пулејки, марами и сè што ќе ви падне на памет. Ножичките, хефталките, иглата и конецот сето тоа што сте го замислиле ќе го спојат во визуелно интересна целина.

Покрај вештачкото, жолто цвеќе, во една верзија шеширот го украсивме и со свежо цвеќе, лале, магнолија и глуварче. Во друга верзија шеширот прво го прекривме со тил и на тој начин му дадовме воздушест, мек облик, на кој додадовме детали, нацртани птици и машнички. Со разнобојни ленти од свила едноставно не можете да згрешите, а добро е и што можат да се менуваат. Истото важи и за тенка марама, со која шеширот ќе се „облече“ и трансформира во нешто сосема ново. Својата креација секогаш можете да ја усогласите со летен фустан, или костим за капење, а ако мислите дека сте претерале со украсувањето и немате храброст да го ставите на глава, шеширот секогаш можете да го закачите на ѕид, каде што ќе ве развеселува секогаш кога ќе го погледнете.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>