[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/06/Cover_june-2016-1.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]
Елита 5/Ариф Зибери
Сeкогаш настапуваме во живо и го даваме својот максимум
Broj 28, jyни 2016
Бојана Симоновиќ
Вокалот на најпознатиот рок-бенд од Македонија кој создава музика на албански јазик, ексклузивно за BETTY магазин зборува за тоа како ја изградиле својата успешна 30-годишна кариера. Ариф Зибери открива кој бил иницијатор за создавање на бендот, како бендот ги носи одлуките за нивните музички проекти и кои се нивните идни предизвици. Тој говори и за љубовта кон рок-музиката и за задоволството од односот на нивната верна публикаBETTY: Вие сте најпознатата рок-група од Македонија која твори на албански јазик. Вашиот бенд е формиран пред повеќе од 20 години, оттогаш па до сега оставивте длабок печат на рок-сцената во земјава. На што се должи Вашата успешност и долгиот и квалитетен рок на траење?
Групата постои од 80-тите години, а во 1991 година ни беше издаден првиот албум, од тогаш нè знае публиката, тоа се должи на коректноста на нашата публика. Каде и да се појавиме настапуваме во живо и даваме максимум, тоа публиката знае да го цени, мислам дека тоа е најдобрата формула за еден бенд да остане вака долго на сцена.
BETTY: Како настана Елита 5, кој беше иницијатор за создавање на бендот?
Ние сме една генерација, петмина сме од Тетово, така што иницијативата излезе од еден другар кој е бас-гитарист, се вика Агрон и од Бесим, бубњарот. Бевме во гимназија заедно со нив, се роди идејата за формирање на таков еден бенд, прво музиката ни беше како хоби, а потоа со време ни стана и професија.
BETTY: Вие имате богато 20-годишно творештво, на кој Ваш проект сте најмногу горди?
Ние до сега сме издале 8 албуми, од нив 6 биле нови албуми, еден компилација и еден од концерт во живо. Јас мислам групата Елита 5 ја одбележа вториот албум. Првиот помина така, имаше некои песни кои ги знаеше публиката, но вториот албум беше тој кој ни ги отвори вратите. Од тој албум настана и најголемиот хит на групата, песна која е најбарана на нашите концерти, тоа е „Алкапоне“, една песна која стави печат на успехот на групата Елита 5.
BETTY: Бендот е составен од 5 члена. Како ги носите одлуките за Вашите проекти, кој го има главниот збор или сите учествувате подеднакво?
Кај нас Балканците зборот лидер не го сакаат многу, кај нас се функционира на база на доверба. Кај нас во групата секој има работа која ја извршува. Сите 8 албуми се компонирани од Нечат Мујови-Вирус, клавијатуристот на групата, тој поседува едно од најдобрите студија на цел Балкан, неговиот збор е последен кога е музиката во прашање. Друг контактира со менаџери, трет со медиуми, секој си има некоја своја обврска што ја извршува и мислам дека тоа функционира перфектно кај нас.
BETTY: Интересно е за Вас што не настапувате на фестивали, туку само на концерти. На што се должи овој Ваш став?
Од почетокот ние донесовме одлука да не учестуваме на фестивали во оној натпреварувачки дел, сме биле гости во другиот дел, забавниот дел. Оваа одлука ја донесовме бидејќи по фестивалите однапред се знаат победниците, така што увидовме и донесовме одлука дека ние не сме бенд за фестивали, иако сме имале доста понуди од Албанија да ја претставуваме на Песна за Евровизија, не сме се виделе себеси така и не ни било лично приоритет тоа. Така ќе дејствуваме и понатаму на делот за натпреварување нема да учествуваме.
BETTY: Сите членови на Вашата група потекнуваат токму од Тетово. Колку во овој град постои интерес од младите за рок-музика?
Има доста кои слушаат рок-музика, има и групи кои ќе се формираат и ќе се распаднат, чекаат успехот да им падне од небо, успехот треба да го заслужиш, јас знам дека во Тетово секогаш кога сме одржувале концерти тие биле многу посетувани. Нашиот град нè пречекувал со раширени раце, нашите концерти претежно ги држиме на отворено за да има повеќе публика, значи ја имаме нивната поддршка. Тоа значи сме ја имале и понатаму ја имаме и се надеваме дека нашиот народ ќе нè поддржи. Секаде каде одиме по Балканот, Европа, Америка, ние со гордост сме истакнувале дека сме тетовчани, мислам дека на најдобар начин сме го претставувале нашиот град.
BETTY: Кој настап можете да го посочите дека се издвојува од другите, кој Ваш настап најчесто го коментирате и го паметите по добро?
Сме имале многу концерти на стадиони, на плоштади, но во 2001 година во Тирана имавме концерт со бендот „Скорпионс“ и тој концерт ни остана во сеќавање, затоа што три дена престојувавме во хотел со нив, свиревме на иста сцена со нив. Имавме шанса да се дружиме со нив и увидовме дека тие се сосема обични луѓе, дека успехот не им го заматил паметот. Газеа со нозе по земја не по небо, беа многу коректни и тоа го коментираа најмногу во бендот, тие сеќавања ни се најдобри од музичката кариера.
BETTY: На што во моментов работи Елита 5?
Пред повеќе од година го издадовме албумот „Последниот Мохиканец“. Многу добро е прифатен од публиката, по концерти сега повеќе промовираме песни од новиот албум. Ќе правиме видеозапис, нè очекуваат многу концерти, кога ќе ги завршиме нив ќе размислуваме за нешто ново.
BETTY: Што е најголемиот предизвик на оваа група кој сè уште не сте го оствариле?
Не можам да кажам дека сме сработиле сè во кариерата, но има некои идеи, работиме и планираме да имаме три концерти со синфониски оркестар. Тоа ни е планот да бидат три концерти, еден во Скопје, еден во Приштина и еден во Тирана. Разговори имаме со некои луѓе кои треба да ни помогнат за тој голем проект и мислам дека тоа ќе го оствариме, бидејќи одамна имаме сон да направиме еден таков концерт, но ние кога ќе наумиме нешто да направиме јас сум убеден дека тоа ќе го направиме и мислам дека така ќе испадне.
BETTY: Колку треба да се има кондиција за настап на еден рок-бенд и како Вие ја одржувате формата?
Јас кога ќе му кажам на некого дека треба кондиција, тој не верува дека треба многу кондиција. Јас сум многу љубител на природата, на велосипедот, многу пешачам, многу возам велосипед. Нонстоп кога сум дома се подготвувам за тие големи концерти, затоа што тие се во живо и треба кондиција за да се издржи еден концерт 3 часа без пауза и лично многу вложувам да ја одржувам кондицијата и да £ го дадам на публиката најдобро од мене.
BETTY: Дали практикувате некои заеднички спортски активности со членовите од бендот?
Ние сме од истиот град, ама толку сме заедно на концерти така што кога сме слободни ние ниту се гледаме ниту се слушаме по телефон, така што секој си има свои обврски, активности, секој има свое друштво кое е вон музиката. Бидејќи заедно сме со години, кога сме дома гледаме што помалку да се видиме.
BETTY: Колку внимавате на исхраната и на здравиот начин на живот?
Порано не сум внимавал на тоа воопшто, сега морам да внимавам на тоа затоа што гледам дека не сум тој стариот порано што сум бил, се трудам, гледам, внимавам особено за гласот. Бев и на една консултација со експерти за да ми дадат нешто за гласот, затоа што кога имаме концерти треба да ја одржам таа кондиција, се трудам, мислам дека сега добро издржувам, ќе видиме понатаму.
BETTY: Која е Вашата порака за читателите на BETTY магазин?
Ви пожелувам многу успех.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/05/App_cover.jpg" image_size="full" align="center"]