Типови на сребрени честички
Соли на сребро и наночестички – во форма на соли (нитрат, сулфат, хлорид, цитрат) среброто се применува во мала концентрација и за кратко време, но не се препорачуваат во ублажувањето на атопичниот дерматит. Наночестичките (10-100nm), од друга страна, наоѓаат примена како антибактериски агенс во средствата за чистење, фрижидерите, средствата за дезинфекција, но не и во козметичките препарати поради нивната способност да навлезат во организмот.
Микрочестички на сребро – форма која се применува во козметичката индустрија (10µm). Микрочестичките на сребро дејствуваат исклучиво на површината на кожата, формирајќи површинско депо за сигурна антибактериска активност. Микрочестичките на сребро не продираат во човековиот организам, поради што нивната употребата е апсолутно безбедна и потврдена со клинички студии.
Што претставува MicroSilver? MicroSilver претставува иновативна форма на сребрени микрочестички, кои се резултат на повеќе од 15 години истражување на познатиот Франхофер Институт од Германија.
Принципот на активност на MicroSilver се должи на присуството на сребрениот јон Ag+, кој е резултат на континуираното отпуштање од страна на елементарната форма, или од страна на солите, во кои среброто е веќе во оксидирана форма.
Микрочестичките на сребро имаат двоен ефект на иритираната кожа, антииритантното дејство, со кое кожата се смирува, обновува и добива свеж изглед и антибактериско дејство на голем број на микроорганизми, без притоа да биде нарушена природната флора на кожата.
Сребрените јони ја остваруваат антибактериската активност на 3 начини, преку инхибиција на создавањето на ѕидот на бактериската клетка; врзувањето за тиолните групи од ензимите и врзувањето со 30S субединицата од рРНА, блокирајќи ја синтезата на протените.
Позитивните карактеристики на микрочестичките на сребро ги прават посебно применливи во топикални препарати и во ублажувањето на симптомите на атопичниот дерматит.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци