Светлорозевата боја на езерото Хилер во западна Австралија со години ги интригира истражувачите, а сега eXtreme Microbiome Project ја открил причината на оваа чудна појава. Тим од научници потврдил дека розеникавата боја на езерото ја предизвикуваат алги кои сакаат сол. Меѓу примероците од микроорганизми ја пронашле алгата Dunaliella salina, која напредува само во екстремно опкружување со висок салинитет какво што е езерото Хилер. Dunaliella salina произведува пигментни соединенија на каротиноиди кои помагаат во апсорпција на сончевата светлина, давајќи £ на алгата прекрасна, розеникава боја. Откриени се и розеникави микроби, како и бактерии наречени Salinibacter ruber.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци