Фармацевти
Контакт

<< Назад

Подготовки за сончање и високи температури

јуни 2, 2016

Заштитете се одвнатреАна Николиќ

Формулата за здрав, исончан тен и полесно поднесување на високите температури се заснова на умерено сончање, користење креми со заштитен фактор и консумирање намирници со висок процент на бета-каротин и вода. Постои цела низа на растителни производи кои ја штитат нашата кожа „одвнатре“, чии состојки дејствуваат како природна заштита од негативните ефекти на УВ-зрачењето и претераната топлина за време на летните месеци.

Какао: Чоколадо со висок процент на какао е богато со антиоксидантот флаванол, кој ја штити нашата кожа и ја прави поотпорна на УВ-зраците. 20 грама темна чоколада на ден помага во спречување изгореници, секако, ако го почитуваме препорачаното правило дека не треба да се изложуваме на сонце помеѓу 10 и 17 часот. Освен „одвнатре“, какаото се користи и за надворешна употреба, во вид на какао путер, кој е благотворен за кожата.

Зелен чај: Како јак антиоксидант, зелениот чај е напиток кој се препорачува во летните месеци. Треба да се пие секој ден, зашто нашата кожа ја прави поотпорна и му помага на целиот организам да ги преброди високите температури.

Домат: Салата, сок или супа од овој рајски плод ја намалува опасноста од изгореници од сонце. Ако доматот се консумира секојдневно, дејствува како крем за сончање со фактор 2, а ликопенот кој го содржи е добар борец против ситните брчки од сончањето.

Зрнесто овошје: Рибизлите, капинките, малинките, боровинките имаат висок процент на антиоксиданти, го јакнат имунитетот и ја штитат кожата, па треба да се консумираат почесто. Зрнестото овошје е и многу освежително и го хидрира организмот бидејќи содржи висок процент на вода

Лубеница: Со над 90% вода, лубеницата е вкусна намирница со која брзо ја надоместуваме течноста во организмот, го хидрира нашето тело и го снабдува со витамин Ц, кој е битен фактор во производството на колаген.

Краставица: Освен што освежува и хидрира, одлична е за надворешна употреба, бидејќи ја смирува воспалената и иритирана кожа.

Ананас: Полн со витамини и минерали, ананасот содржи и бромелаин, состојка која позитивно влијае на воспалителните процеси што може да се јават за време на летните месеци. 

Лимон: Богат со витамин Ц, лимонот како и другите цитруси (портокал, лимета, грејпфрут, мандарина) содржи аминокиселини кои ја прават кожата помлада.

Цвекло: Било да е варено на пареа или свежо изрендано, цвеклото е богато со витамин А кој му помага на нашиот организам во производство на меланин, пигмент кој £ овозможува на кожата да потемни. 

Маслиново масло: Богато со витамин Е ја прави кожата сјајна и мазна, па треба да се користи за преливи и салати.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>