Фармацевти
Контакт

<< Назад

Пробиотици – чувари на нашето здравје

јуни 2, 2016

д-р Лилјана Лазароска, педијатар
ПЗУ Промедика, Струга

Што се пробиотици?
Не можат да се видат, не можат да се почувствуваат, не можат да се вкусат, но можат да направат чуда за нашето здравје. Пробиотиците или корисните млечно-киселински бактерии, не само што помагаат во правење рамнотежа на цревната бактериска флора или варењето на храната, туку го зајакнуваат имунитетот и се борат против инфекции.

Овие бактерии се нормални жители во нашите црева, но во одредени услови нивното присуство се намалува, па нивното место го заземаат штетни бактерии кои предизвикуваат проблеми, како дијареја, подуеност, гасови, па дури и некои болести.

Добри и лоши бактерии
Кога се зборува за бактерии најчесто мислиме на бактериите кои прават здравствени проблеми, па сега сме во недоумица кои се, пак, овие бактерии кои го штитат здравјето. Тие се т.н. „добри“ бактерии или пробиотици, кои науката ги споменува како клучни за зачувување на здравјето.

Самото име значи многу, на грчки ПРОБИОС значи за живот.

Овие корисни бактерии кои се наоѓаат во храната во мали количини имаат улога во: заштитата на органите за варење, подобрување на имунитетот, подобрување на здравјето и спречување појава на болести.

Дали имате претстава колкав е бројот на добрите бактерии во цревата и која е нивната улога?
Човечкиот организам е населен со милијарда корисни бактерии кои најчесто се наоѓаат во цревата. Тие не само што помагаат во зачувување на здравјето, туку и помагаат во синтеза на витамини, како витамините К, Б и некои есенцијални масни киселини. Покрај ова, служат за заштита од инфекции со стимулирање на имунолошкиот систем и неутрализирање на штетните бактерии.

Можеби сега се чудиме, зошто ни се потребни и антибиотици за лекување инфекции? Да, потребни ни се, но тие ги уништуваат и корисните бактерии, па затоа секогаш кога земаме лекови од типот на антибиотици потребно е да се помогне со пробиотици, кои ни ги чуваат добрите бактерии и имунолошкиот сиситем.

Зошто треба да се земаат пробиотици при патување?
Кога патуваме, ние ги менуваме климатските услови, водата за пиење и храната. Со тоа се менува и составот на добрите бактерии во цревата и нè прави чувствителни  кон заболувања. Поради ова се препорачува пред да заминеме на патување и за време на патувањето да земаме пробиотици.

Најдобро е да се почне 5 дена пред патувањето, како и за време на целиот престој.

Пробиотик за мирен сон на новороденото и среќно семејство!Речиси да нема семејство кое нема доенче што плаче и тоа секој ден во одредено време, поради што сите се загрижени. Употребата на различни лекови во вид на капки, сирупи, чаеви не го решава проблемот. И во овој случај имаме потреба од добрите бактерии кои ќе помогнат во стабилизирање на цревата и подобрување на состојбата.

Како може пробиотикот да помага и при дијареја и при опстипација?
Секојдневно кај педијатар доаѓаат родители чии деца имаат проблем со празнење на цревата. И кај овие деца пробиотикот може да помогне во стабилизирање на состојбата, со тоа што ја нормализира нарушената цревна флора и ја подобрува перисталтиката (движењето на цревата), кое е една од основните функции на цревата.

Дали знаете дека и кај егземата пробиотикот е лек број еден?
Кај децата со алергии  т.н. „егземи“ добрите бактерии имаат многу важна улога во подобрување на имунитетот, како и намалување на јачината и скратување на траењето на проблемот. Затоа пробиотик се препорачува и кај овие доенчиња и деца. Епидемијата на егземите почнуваме да ја третираме и за време на бременост.

А ова секако го знаете!
Кога имаме проблеми со цревата како пролив, тогаш пробиотикот е дел од терапијата, за време на проблемот, но и потоа, до потполна стабилизација.

ВНИМАВАЈТЕ – чувајте ги сопствените добри бактерии со правилна исхрана, но и помагајте им кога тие се загрозени и сами не можат да постигнат да нè заштитат, па имаат потреба од помош  од пробиотици.

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>