Фармацевти
Контакт

<< Назад

Украсете го летото

јуни 2, 2016

Маици и перлиКатарина Вијатов

Понекогаш малку фантазија, трпение и желба се доволни да креираме работи за кои сите ќе прашаат каде сме ги купиле, а, всушност, само малку сме ги доработиле старите алишта

Модерна и интересна маица со малку добра волја може да се најде во вашиот орман  уште денес. Повеќето од нас имаат маица која не е облечена со месеци, а можеби дури и години. Таа е секогаш тука, на полица со маиците кои редовно ги носиме, но некако постојано ја заобиколуваме и таа никогаш не доаѓа на ред за носење. Имаме прекрасен и едноставен предлог како да ја освежите вашата маица и да добиете потполно ново парче облека, кое за промена веќе нема да биде на полицата.

21Сè што ви е потребно за изработка на маица со перли е: игла, конец и перли. Украсете ја вашата маица така што на неа ќе сошиете перли во разни бои и облици. Ние користевме сини, виолетови и бели перли, и еднобојната маица во крем-боја ја  претворивме во ефектна уникатна маица. Наизменично околу отворот за вратот   зашивавме сини и виолетови перли, а потоа белите ги сошивме во облик на цвет. На перлите има мали дупченца низ кои го провлекувате конецот и го зашивате за маицата, наша препорака е да користите конец во боја на маицата за делот од конецот што се гледа да биде помалку видлив. Доколку ви се допадна нашата идеја, вашата маица можете да ја украсите и со нитни, крупни перли или ситни перли, еднобојни или шарени, кои можете да ги сошиете по ракавите, околу вратот или на средина на маицата.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>