Што е килибарот и кои се неговите лековити својства?
јуни 11, 2015
[vc_column width="1/1"]Зошто бил задолжителен за руските кралски бебиња и за нивните дадилки?
Природниот килибар е вистинска реткост и национално богатство кое се наоѓа само во одредени региони во светот. Не е скапоцен камен, ниту кристал, туку претставува фосилна смола од праисториските дрвја кои растеле пред 50 милиони години, пред сè, во Скандинавија и околу Балтичкото Море. Најценет и со најголем квалитет е балтичкиот килибар.
Постојат и вештачки имитации на килибарот, но тие се изработени од пластични маси, немаат сертификат за потекло и оригиналност и секако ги немаат лековитите својства на природниот килибар.
Како да го препознаеме природниот килибар?
Природниот килибар е топол на допир и има електростатски својства кои со векови се употребувани во лековити цели. И на ниски температури, тој е топол. Необичната моќ на килибарот е да донира негативни јони кои влијаат на јакнење на имунитетот и намалување на болката. Килибарот ги активира лековитите процеси и обезбедува заштита од штетни зрачења.
Што се килибарните ѓерданчиња за бебиња и за што служат?
Килибарните ѓерданчиња се рачно изработени од мали овални килибарни бисерчиња и може да бидат во разни бои во зависност од периодот во кој настанале. Квалитетот на природниот балтички килибар е ист, се разликуваат само по бојата, а може да бидат и мултиколорни-шарени кои се и најпопуларни. Во себе содржат килибарна (сукцинатна) киселина, чие лековито дејство го докажал Нобеловецот Роберт Кох. Сукцинатната киселина учествува во голем број метаболички процеси и има благотворно дејство врз целиот организам, а нема негативно дејство.
Во допир со човечката кожа настанува ослободување на лековити масла кои им помагаат на бебињата за лесно никнување на запчиња. Килибарот има и слабо аналгетско дејство, со што на природен начин се отстрануваат симптомите кои се јавуваат при никнување на запчиња: висока температура, болни и отечени непца, црвенило...
Килибарните ѓерданчиња се традиционално европско помагало кое со векови се користи во Европа, но и во Царска Русија каде било задолжително неговото носење како од кралските бебиња, така и за нивните дадилки, поради неговото благотворно дејство врз имунитетот, како и за заштита од штетни зрачења.
Иако запчињата растат до втората година, никогаш не е доцна за носење на килибарно ѓерданче кое претставува и преубав моден додаток. Постојат и специјални килибарни ѓердани за мајки кои ја зголемуваат лактацијата, како и за жени кои даваат аристократски шмек и при тоа благотворно дејствуваат на целиот организам како и на жлездите и хормоните-особено тироидната жлезда.
Препорачливи се за бебиња постари од 3 месеци и препорака од производителот е да се вадат навечер пред спиење, како и да не се остава бебето без надзор.
Поради богатиот енергетски потенцијал кој во себе го носи килибарот, потребно е еднаш месечно да се измие килибарното ѓерданче под млаз вода и да се стави на сонце околу половина час за да може килибарот да апсорбира енергија. Вистинскиот природен килибар под дејство на сончевата топлина ќе омекне, но пак ќе ја врати својата првобитна состојба.
КИЛИБАРНОТО ЃЕРДАНЧЕ Е ПРЕКРАСЕН ПОДАРОК, а неизоставен дел од производите кои треба да се купат кај едно новороденче освен килибарното ѓерданче се и термофорчето против грчеви кое ја олеснува на природен начин појавата на грчеви, како и најпродаваниот во свет аспиратор за нос со цевче. Доколку се појави секрет во носот на бебето, кое сè уште не е способно само да го отстрани, тоа може да го направите вие со лесно вшмукување, кое може да се повтори и повеќе пати во текот на денот.
Тоа се препорачаните ТОП 3 ПРОИЗВОДИ со кое ќе ги олесните проблемите на нашите најмили, а вие и вашето најмило ќе имате мирни и тивки ноќи.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци