Милица Алексиќ
Сонцето има многубројни позитивни ефекти на човечкиот организам, како стимулирање производство нa витамин Д и ендорфин, го забрзува метаболизмот и циркулацијата. Меѓутоа, неговите УВA и УВБ-зраци можат да предизвикаат оштетувања на кожата, дерматолошки проблеми, па дури и тешки болести, па затоа треба да се биде внимателен. Тоа посебно важи за нежната детска кожа, за лицата со светол тен, луѓе кои страдаат од алергии на сонце или неодамна биле на дерматолошки третман, а генерално важи за сите во периодот помеѓу 10 и 16 часот, кога зрачењето е најјако.
Препарати за заштита од сонце: УВА-зрачењето поминува низ облаците и е присутно од утро до вечер, па кожата треба да се заштити со креми со висок заштитен фактор и кога времето е облачно, а посебно нежната детска кожа. На пазарот постои голем број на препарати со заштитен фактор до +50 SPF (sun protection factor), па најдобро е да се консултирате со фармацевт кој фактор кога да го користите: постојат препарати со низок фактор на заштита (6, 8 или 10), среден (15, 20, 25), висок (30, 50) или многу висок фактор (SPF 50+). Сите тие се нанесуваат половина час пред изложување на сонце, а треба повторно да се нанесат по секое капење или туширање и кога се водоотпорни. Навечер кожата треба да се намачка со млеко наменето за после сончање, кое на кожата ѝ ја враќа изгубената влага и ја прави поеластична.
Мрсна кожа: Не е секоја кожа иста, па за мрсна и склона кон создавање акни се препорачуваат препарати со матирачки ефект, лесна текстура, кои нема да ги затворат порите, односно гелови од 30 до 50 SPF кои ги филтрираат УВ-зраците.
Сува кожа: Од сонцето и ветерот кожата станува уште посува, па се препорачуаат посебни креми за овој тип на кожа, кои покрај тоа што штитат од зрачење, имаат и ефект на хидратација.
Дерматолошки третирана кожа: После пилинг, ласерски, хијалуронски или некој друг третман, кожата е многу чувствителна и склона на иритации, па треба да се заштити и во ладовина со препарати со највисок фактор на УВ-заштита.
Чувствителна кожа: Детската кожа треба посебно да се заштити како со препарати со висок фактор за заштита, така и со смирувачи хидратантни креми по сончање. Истото важи и за кожата на возрасните која е пречувствителна на сонце. Треба да се има предвид дека препаратите за самопотемнување не ја штитат кожата. За кожата на бебињата и чувствителните делови на телото на возрасните како што се усните, носот, образите се препорачуваат минерални креми со висок фактор на заштита.
Иако е најпријатно на одмор по цел ден да се коси костим за капење, не треба да се заборави дека лесната, памучна облека, шапка и очила за сонце сигурно ги покриваат чувствителните делови на телото. Природните масла, како сусамово, од коноп или кокос, не даваат доволна заштита на лицата со чувствтелна кожа, па може да се користат само во утринските часови, до 8 часот.