Фармацевти
Контакт

<< Назад

Beautin Collagen

јуни 30, 2016

Стареењето на кожата е процес кој трае цел живот и почнува веќе во 20-тата година и прогресивно напредува поради физиолошките промени на кожата и поткожните ткива. Стареењето е најизразено на лицето и вратот, каде што индивидуалните и надворешните фактори на животната средина можат да ги забрзаат овие промени, давајќи постар изглед поради брчките и атрофијата на кожата.
Кожата старее со различна брзина од личност до личност. Стареењето е поврзано со губење на коскената маса, мастите, колагенот и еластинот и сите тие се поврзани со гените и животната средина.
Хијалуронската киселина природно се наоѓа во подлабоките слоеви на нашата кожа (дермисот). Таа помага кожата да се задржи  мазна и „полна“ поради способноста на нејзиниот молекул да привлекува и да врзува вода со тежина до 1.000 пати поголема од сопствената тежина. Оваа киселина ги подмачкува зглобовите и игра клучна улога во брзото зараснување рани и други  промени на кожата.
Еластинот е протеин кој се наоѓа во кожата и ткивата на човечкото тело. Тој помага да се задржи флексибилноста на кожата, но истовремено таа да остане затегната, што значи овозможува реакција на враќање на кожата во нејзината оригинална состојба по повлекувањето.  Еластинот се троши со стареењето, што резултира со збрчкана и растегната кожа.
Колагенот е протеин кој е главна структурна компонента на подлабоките слоеви на кожата (дермисот).  Колагенот е задолжен за цврстината на кожата.  Здравиот начин на исхрана со потребните количини на витамин Ц може да помогне да се одржи нормалното производство на колаген на одредена возраст, но не може да ја надомести неговата загуба со годините.

Со стареењето се намалува капацитетот на обновување на колагенот.

По дваесет и петтата година од животот, телото во просек губи 1,5% колаген на годишно ниво.

Човечкиот организам има способност за постојана синтеза на колагенот, кој е потребен за раст и замена на истрошеното ткиво и за заздравување и обнова на повредените ткива. Сепак, со времето постепено се намалува капацитетот на неговата обнова поради процесот на стареење, постојаното преоптоварување (врвен спорт, физичка активност) или автоимуни болести. Во младоста губењето на колагенот брзо се надоместува, но со текот на годините губењето станува сè поизразено па се смета дека по 25-тата година телото во просек губи 1,5% колаген на годишно ниво. Губењето на колагенот негативно влијае врз изгледот и функцијата на целото тело и доведува до различни дегенеративни промени. Недостигот на колаген меѓу другото предизвикува мускулно-скелетни нарушувања (артритис, вкочанетост, мускулни повреди), нарушување на функцијата на имунолошкиот систем и појава на телесни промени поврзани со стареењето, како што се брчките, целулит, сува кожа, кожа и коса без сјај и нарушен облик на телото.

Може ли да се надомести губењето на колагенот?
Начинот на живот, правилната исхрана и континуираната физичка активност до некаде може да го ублажат и да го забават губењето на колагенот и можните последици. Сепак, во модерното време тоа не е доволно. Здравјето, силата и убавината не се повеќе атрибути кои се очекуваат и се поврзуваат само со млади жени и мажи. Тие често се услов за успех, но сè повеќе и наша (оправдана) желба и потреба за квалитетен живот и на постара возраст. Според големиот број извештаи колагенот е една од супстанциите, која, всушност, тоа ни го ветува, а, исто така, се применува и во различни облици.

„Целта на додатоците во исхраната со колаген е забавување на физиолошко губење на колагенот.“

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>