Фармацевти
Контакт

<< Назад

Омега-3 масни киселини

јуни 11, 2015

[vc_column width="1/1"]Немања Стојиљковиќ
м-р инж.

Во последно време многу се зборува за омега-3 масните киселини, овој термин многу често се слуша од лекарите како и во медиумите, така што е битно на почеток да се каже што се, всушност, овие соединенија

Омега-3 масните киселини се вид есенцијални масни киселини кои се незаситени и уште се нарекуваат и долгосинџирести повеќекратно незаситени масни киселини. Тие се многу битни за нормално функционирање на нашиот организам и одржување добро здравје, зашто се застапени во повеќе физиолошки процеси и структури во повеќето клетки. Нивниот недостиг доведува до различни пореметувања и болести на нашиот организам.

Постојат три вида омега-3 масни киселини, а тоа се: DHA (докосахексаенска киселина), EPA (еикосапентаенска киселина) и ALA (алфа-линоленска киселина). Во организмот се врши преминување на ALA во EPA и DHA.

Тие во организмот не можат да се произведат, па затоа нашиот организам мора да ги добие со внес на одредени видови храна. Омега-3 масните киселини се основна состојка на рибиното масло, како што сите знаеме, едно од најстарите додатоци во исхраната.

Улогата на омега-3 масните киселини и нивното значење за нашиот организам: Со доволна содржина на омега-3 масни киселини, како и нивниот добар баланс со другите важни соединенија, се овозможува превенција и лекување на заболувања и пореметувања, како што се: разни воспалителни состојби, кардиоваскуларни заболувања, шеќерна болест, дебелина итн. Бидејќи дејствуваат и антиинфламаторно, значајно е и нивното дејство на дигестивните пореметувања, автоимуните болести, како и на хроничните ревматски состојби.

Иако омега-3 често се сметаат за природен лек за кардиоваскуларни болести, тие имаат поголема улога во намалување на триглицеридите во крвта. Освен за таа намена, се користат и за јакнење на имунолошкиот состав, потребни се за нормален раст и развој на бебињата, правилен раст и развој на мозокот кај децата, влијаат на менталното здравје и расположение, а сè повеќе се испитува нивната улога во појавата на малигни заболувања.

Соодветен внес на овие масни киселини во текот на бременоста и лактацијата кај децата влијае на намалување на појавата на алергии, ја подобрува координација на очите и рацете, подобрува вродени и стекнати функции.

Познато е дека Ескимите кои користат многу риба во исхраната богата со омега 3 масни киселини имаат намален
ЛДЛ – штетен холестерол и зголемен
ХДЛ – добар холестерол.

Препораки за правилен внес на омега-3 масни киселини во нашата исхрана:
– Исфрлете ги од исхраната намирниците кои се подложени на високотехнолошки процеси.
– Јадете рибино месо богато со омега-3 масни киселини барем два пати неделно (лосос, сардини, туна, скуша).
– Внесувајте ореви, ленено семе и нерафинирано масло.
– Во гриз, кифлички и други видови домашно направени печива можете да додадете неколку супени лажици ленено семе (мелено во домашен миксер).
– Додадете им на салатите јаткасто овошје или маслинки наместо масно сирење или путер.
– Заменете ги секојдневните ужинки со мали порции јаткасто овошје и семки во мали количини од околу 1-2 супени лажици.

Важно: Недостигот од омега-3 масни киселини може да се надомести и со суплементи, а стручњаците главно препорачуваат омега-3 суплементи од рибино масло, зашто тоа обезбедува најголеми количини EPA и DHA за организмот.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>