Магијата на женската убавина
Катарина Вијатов
Деколтето е дел од женското тело кое, секако, привлекува големо внимание и ги мами погледите како на мажите така и на жените – вечен симбол на женственост и мајчинство
Летото е вистинско време вашето потемнето деколте да дојде до израз, но, пред сè, со умереност доколку сакате да доловите сексапил и елеганција во исто време. Секако, самодовербата е клучен фактор!
Нашите предлози се многу едноставни. Во само неколку чекори ќе бидете подготвени за жешките летни денови и ноќи, а што е најважно, не е потребно да бидете мајстор на кројачкиот занает. Сè што ви е потребно се стари хеланки и две машки маици, а од трите вида деколтеа кои ви ги претставуваме одлучете се за омиленото.
- V деколте
Ефектно парче од летна облека ќе добиете со еден потег со ножички. Не е потребно да се одделите од старите еднобојни или во нашиот случај шарени хеланки, доволно е да ги преклопите и да ги поставите на рамна површина. Со ножици отсечете го делот помеѓу нозете во облик на триаголник и маицата со V деколте е подготвена.
- Срцевидно деколте
Облечете машка маица со V изрез па спуштете ја до градите, ракавите кои останале од страна завртете ги, а доколку претходно и ги сошиете, можат да послужат како џепчиња. Сè дополнете со сатенска лента или тенок ремен околу половината и моделот туника со срцевидно деколте е готов.
- Рамно деколте
Обична машка маица претворете ја во фустанче. Откако ќе ја облечете, спуштете ја до градите и во овој случај ракавите префрлете ги и вовлечете ги помеѓу градите.
Она што ви преостанува е да го посетите орманот на некој од домашните од машки пол и да „позајмите“ маица, сигурни сме дека нема да се лути.