Фармацевти
Контакт

<< Назад

Хемороиди

август 23, 2016

Превенција со чаеви и со движењеЛејла Беговиќ

Отечени и проширени вени на задниот дел на цревото и аналниот отвор се нарекуваат хемороиди, кои во раните фази на болеста, ако правилно се третираат, може да се повлечат и да се вратат во нормална положба, но ако се запуштат и не се  лекуваат, не преостанува ништо друго туку да се отстранат со операција

Хемороидите се еден од најчестите здравствени проблеми на денешницата, од кои страдаат луѓе од сите старосни категории од двата пола. Може да се развијат и по операција и во бременост поради хормонски промени во телото на идната мајка и притисокот на плодот, но во тој случај се сметаат за привремен проблем на кој може да се влијае со адекватна терапија.

ПРИЧИНИ: Современото и брзо темпо на живот, работа која бара седење, помалку движење и спортски активности, консумирање брза храна, стрес, дебелина, задржување на изметот и слично погодуваат на развојот на хемороиди, што го намалува квалитетот на животот. Многу е важно да посетите лекар навреме кога ќе се забележат првите симптоми, но и да се размислува превентивно, бидејќи здравиот живоен стил често е одлучувачки за овој здравствен проблем да не се развие.

Се знае, на пример, дека долготрајното седење го зголемува притисокот во крвните садови на ректалното подрачје и доведува до слабост на вените, создавање непријатни грутки кои може да се воспалат, да отечат, болат, печат, сврбат и крвават, па многу е важно воспалението да се смири, да се поправи циркулацијата за болните и отечени грутки да се повлечат, што се постигнува со терапија која ја пропишува лекар, но и со промена на начинот на живот (помалку седење, повеќе движење) и исхрана.

ПРЕВЕНЦИЈА: Редовна физичка активност барем 2-3 пати неделно (пливање, групни спортови како кошарка, одбојка, фудбал, аеробик, пилатес и друго), секојдневно одење или трчање од 45 минути, како и редовни паузи при долготрајно седење на работа ќе придонесат за забрзување на метаболизмот, подобрување на циркулацијата и ќе бидат сојузник во превенција на хемороидите.

Многу е важно да се пијат доволно течности  и цревата редовно да се празнат. Тоа се постигнува со внимавање на исхраната, која треба да биде богата со влакна за да се регулираат варењето и празнењето. Потребно е да се избегнуваат лути и јаки зачини, кои дополнително иритираат, како и алкохол и кафе и да се пијат благи чаеви, односно оние кои се наменети за смирување на симптомите со хемороиди, како и сокови од свежи овошја и зеленчук.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>