Милица Алексиќ
Брчките на нашето лице неизбежно ги пишуваат годините, но и гримасите кои ги правиме, начинот на кој спиеме, животните навики, но и проблемите кои ги доживуваме, прекумерната изложеност на сончеви зраци, ладно време, сув воздух, како и несоодветна нега.
Против брчките кои ги добиваме со стареењето и кои се манифестираат со линии околу усните, носот и очите, наборите и нееластичноста на кожата можеме да се бориме со сè популарните третмани, како хијалуронска киселина, ботокс, ласер и затегнување на кожата со пластични операции. Сите овие третмани можеме да ги користиме и превентивно.
За почеток, за брчките грижете се навреме пред да се појават. Свежиот изглед на лицето и добриот тонус можно е многу долго да се одржат ако се придржувате кон некои основни правила за нега на кожата на лицето, но и од начинот на живот, зашто нездравите навики, како пушење, седење долго во ноќта или консумирање слатки, навистина го зголемуваат ризикот од прерано стареење на лицето.
Така, на пример, треба да се знае дека брзите диети, дури и кога ги топат килограмите, не се пријател на ничие лице. Наглото слабеење може да го подобри обемот на половината, но и да го направи набори на кожата на лицето.
Честото миење и бришење на кожата со груба крпа, и тоа со потези од очите кон брадата, исто така, се непријатели на затегнатата кожа. Не претерувајте со миењето, користите многу нежни сапуни и бришете го лицето од брадата кон очите, или едноставно оставете да се исуши по природен пат.
Прекумерната употреба на козметички средства, особено ако не одговараат на вашиот тен и годините, исто така, носи повеќе штета отколку корист. Не водете се од рекламите, на нив е да ни го ветуваат и невозможното, туку посоветувајте се со дерматолог, козметичар и фармацевт, зашто природните и квалитетни козметички средства се сè позастапени во аптеките.
Нутриционистите велат дека на лицето ни се гледа – што и како јадеме. Масно и зачинето, брза храна, слатки и грицки не се пријатели на свежиот тен. Овошје, зеленчук, јаткасти плодови, житни растенија, јогурт, немасни сирења, риба и месо од живина помагаат во борбата против брчките. Како и хидрирање на организмот со вода, супи од зеленчук, незасладени билни чаеви и свежо цедени сокови без додавање шеќер.
Користете природни маски за да ја нахраните кожата на лицето барем еднаш неделно. Посоветувајте се со стручњак кој хранлив крем е најдобар за вашиот тип на кожа. Научете да го масирате лицето и вратот. Спијте осум часа на ден. Шетајте на свеж воздух. Ако се шминкате секој ден, секогаш чистете го лицето пред спиење и барем еден ден во недела одморете го. Избегнувајте големи температурни разлики и сув воздух во просториите. Престанете да пушите. Научете гимнастика на лице и применувајте ја секојдневно барем неколку минути. Трудете се да го избегнувате стресот, лутината и муртењето. Брчките од смеење се најубави и не треба да се пеглаат.Во склад со годините