Фармацевти
Контакт

<< Назад

Исхрана и дијабетес

октомври 31, 2016

Ана Николиќ

Основните правила во лекување на дијабетесот подразбираат адекватна исхрана: храната кратко термички се обработува (варење на пареа, барење, пржењето се избегнува) и се консумира свежо подготвена во 5-6 помали оброци, најдобро приближно во исто време. Заболените од дијабетес особено мораат да водат сметка за внесот на скроб, односно сложени јаглехидрати, држејќи се до начелото дека лажица брашно е исто што и лажица шеќер. Исто така, многу е важна вечерата за во текот на спиењето да не дојде до хипогликемија. Се подразбира дека секој дијабетичар за својата исхрана детално се консултира со лекар.

Месо, јајца и риба: Риба треба да се јаде барем 2 пати во неделата, а од месо пилешко, телешко, говедско, јагнешко. Месото најдобро е да се бари со малку масло. Едно, најмногу две јајца се дозволени во неделата.

Млеко и млечни производи: Се препорачува обрано млеко, а јогурт и кисело млеко во помали количини, и тоа со низок процент на мсти, не повеќе од пола литар на ден, во зависност од тоа дали тој ден сте јаделе месо.

Супи и чорби: Треба да се подготвуваат од различни видови зеленчук, најдобро без маснотија и тестенини. Едноставното правило вели дека треба да се користи зеленчук во три бои (зелен, црвен, бел). Ако се вари со месо, задолжително од површината да се отстранува маснотијата.

Зеленчук: На трпезата на дијабетичарите зеленчукот треба да биде најзастапен. Зеленчукот кој содржи помалку јаглехидрати може да се јаде во неограничени количини: зелје, спанаќ, блитва, боранија, тиквици, пиперки, домат, краставица, зелена салата, модар патлиџан, целер, магдонос, зелка, кељ, келераба, праз, лук, брокули и карфиол.

Овошје: Се препорачува овошје кое содржи малку јаглехидрати: јагоди, малини, капини, боровинки, лубеница, рибизли, вишни, лимон, дињи, портокал, мандарини. Овошјето со најмногу јаглехидрати, јаболка, цреши, круши, грозје, банани, свежи смокви, ананас, манго, авокадо, треба да се избегнува.

Суво овошје: Содржи 5 пати повеќе јаглехидрати од сировото овошје, па треба да се зема во ограничени количини, како и јаткастите плодови ореви, лешници, бадеми и друго.

Леб и тестенини: Никогаш не треба да се јаде заедно леб и тестенина. Тестенините треба да се избегнуваат. Лебот да биде од интегрално брашно, и тоа со еден оброк тенко парче не потешко од 50 г.

Сол: Внесот на сол треба да се контролира.

Алкохол и кафе: Не се добри за дијабетичари. Кафето да се пие умерено, незасладено.

Безалкохолни пијалаци и сокови: Треба целосно да се елиминираат од исхраната, освен свежо цедени сокови од овошје со ниско ниво на јаглехидрати и од свеж зеленчук.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>