[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/11/Cover_dec_2016.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]
Сара Мејс
Сакам да оставам музика која ќе ги прави луѓето среќни
Broj 34, декември 2016
Девојката која со својата појава донесе освежување на македонската музичка сцена и покажа дека уникатноста се цени, Сара Мејс, ексклузивно за BETTY магазин открива во што се крие нејзината оригиналност. Сара објаснува како се одлучила да заплива во музичките води, од каде потекнува нејзината љубов кон харфата и зошто токму пердувите се нејзин заштитен знак. Младата музичарка говори и за својата пасија за компонирање, како и за среќата која ја црпи од природатаБојана Симоновиќ
BETTY: Koга ќе се спомене името Сара Мејс следуваат асоцијациите како енергичност, оригиналност и Вашиот најпрепознатлив хит песната „Врне врне“. Очекувавте ли кога ја изведувавте оваа песна на „Скопскиот фестивал“ дека ќе стане толкав хит и препознатлив печат на Вашата кариера?
Мораш да си веруваш во песната, верував дека е фина песна затоа што кога ќе се соберевме со друштво и ќе им ја отсвиревме сите реагираа позитивно и велеа мора да ја снимите, не очекував воопшто. Ја пуштивме на „Скопски фестивал“ на конкурс, но имавме проблеми со текстот, бидејќи имаше неправилен акцент, тие сакаа да го сменам, па направивме некој компромис. Пола сменив пола не, мислам дека таа игра на зборови им се допаѓа на луѓето.
BETTY: Освен што имате квалититетни вокални способности, Вие сте и дипломирана харфистка, како се роди љубовта кон овој инструмент кај Вас?
Мислам дека како повеќето работи не е дека сама сум си одбрала, туку го следам патот, која врата ми се отвора јас влегувам. Така се случи и со харфата. Бев втора средно кога почнав да свирам, и ми кажаа дека професорката по харфа пратила абер дека треба некој да свири на овој инструмент и дека девојчето треба да не е ниско и да има долги прсти, да свирело претходно клавир. Јас сакав и искрено се заљубив. Памтам дека бев на часови и отидов на пауза да се запознаам со професорката и останав два саати од што ми беше многу интересно. Така некако харфата ме одбра мене.
BETTY: Кога сфативте дека музиката ќе биде Ваша професија и ќе ѝ се посветите комплетно, имаше ли некој одлучувачки момент?
Никогаш не доаѓало предвид да правам нешто друго освен тоа. Имав тинејџерски бубачки. Сакам праведни работи, нешто што ме дразни внатрешно е неправда, не мора да е на мене. Знам дека уште од малечка сакав да бидам претседател на Македонија, бев патриот, жива, јас вака ќе направам, така... Кога ќе ми текне сега ми е смешно дека јас би се занимавала со политика, тогаш ми беше многу интересно, сакав правдина и ја сакав државава. Сакав да се запишам на Правен. Но, отсекогаш ја сакав музиката, никогаш не сум рекла јас ова ќе го правам, отсекогаш сум го знаела тоа.
BETTY: Вие сте препознатлива по својата оригиналност и се издвојувате од останатите изведувачи на нашата сцена и по настапите и по стајлингот, изгледате уникатно и храбро, од каде се инспирирани Вашите стајлинзи?
Се трудам да бидам јас на сцената, а за танцот се советувам со Мишо кој ми беше партнер во „Танц со ѕвездите“. За сите стајлинзи не се грижам јас туку се грижи Фросина Ангеловска, стилистка и Дарко Петровски, фризер. После песната „Врне врне“ тие се со мене. Јас сум презадоволна и ретко кој како нив во денешно време има луди идеи или ги одобрува моите луди идеи. Ретко кој ќе рече ќе мешаме црвено и портокалово, така што за тоа како изгледам виновни се тие.
BETTY: Препознатливи сте по пердувите кои ги комбинирате со стајлингот на Вашите настапи, има ли пердувот некаква симболика?
Индијанците верувале дека со пердувите го поврзуваат духовното со универзумот, а јас сум аватар девојка. Мене господ ми е природата, не дека верувам во некои сили, го сакам тоа конектирање со природата, баш таа конекција е причината. Тие верувале дека преку пердувите може да бидеш духовно поврзан со работите. Имало некое племе кое палело пердуви и така го повикувало дождот, навистина интересно. Плус ми се допаѓаат од естетска гледна точка.
BETTY: Пред да започнете соло кариера бевте дел од дуото Цимерките. Кога ќе направите споредба како е подобро да се функционира, соло или во бенд?
Искрено има и добри и лоши страни. На пример, интересно ми беше со Ива, бидејќи посмешно е кога две одите на интервју и е позабавно. На моменти е понапорно, бидејќи треба да се договарате. Инаку, никогаш не си сама затоа што секогаш имаш тим. Колку повеќе луѓе, на пример, учествуваат во една песна толку потешко е да се стигне до финалниот производ, треба да има некој кој ќе пресече.
BETTY: Вие сте и автор на дел од Вашите песни. Ќе може да ни кажете од каде наоѓате инспирација за нивно создавање?
Автор сум на скоро сите мои песни, освен песната за Тоше „Убав сон“. Сега-засега сите композиции ми се авторство или коавторство со некој, во сите имам удел. Мене првично не ми беше идејата да бидам пејачка, да правам спотови, туку почнав да се занимавам со музика затоа што ја сакав. Свирам харфа, тазе сум вработена во Опера и Балет, отсекогаш сум имала афинитет кон компонирање. Компонирањето е тоа што го имаш внатре во себе, да го претставиш, а интерпретацијата е да го покажеш.
BETTY: Што досега сметате дека е најголем успех во Вашата кариера?
Мислам дека уште го немам доживеано вистинскиот успех. Но, имам многу работи што ми се драги. Имам уште многу што да направам допрва.
BETTY: Кој е Ваш најголем предизвик на музички план?
Мојот најголем предизвик ми е да го живеам секој ден онака како што сакам. Имам проект во главата кој сакам да се случи. Сакам да направам еден состав кај што ќе ги поврзам сите работи што ги сакам во музиката. Сакам да ги поврзам поп музиката со фанкот и да можам да свирам. Најголем предизвик ми е да оставам музика која ќе живее после мене, која ќе живее во многу идни генерации, сакам да оставам музика која ќе трае, со порака која ќе прави луѓето да се чувствуваат среќно и убаво.
BETTY: Како најдраго го поминувате своето слободно време?Има повеќе работи, имам лабрадор кој е златен и го поминувам слободното време со него. Во последно време многу сакаме да планинариме, искачуваме ридови, одиме пеш со саати. Сите слободни викенди комбинираме слободни денови со друштво, ставаме шатори, правиме скара. Зимово ќе одиме да бордаме некаде. Сакам да читам и времето да го поминувам во природа.
BETTY: Имате одлична линија, на кој начин се грижите за Вашиот изглед?
Одам во „Синерџи“, имам тренер кој се грижи за мене и е супер, правам вежби крос фит и пилатес, одам на масажи и во сауна.
BETTY: Внимавате ли на исхраната?
Имаше периоди кога навистина внимавав на храната, храната ми е една од поубавите работи и навистина сакам да јадам убаво. Кога немаш време е тешко да пазиш, малку е лошо во градов не можам да најдам во кое било време нешто што е здраво, имаше периоди кога се трудев. Во периодите кога активно вежбам внимавам на исхрана.
BETTY: Што мислите дека е рецепт за здрав живот?
Многу љубов кон сè што правиме, замисли да не го сакаш тоа што го работиш, мора да си ја сакаме работата, треба да се сака човекот со кој живееш, да имате љубов кон животните и природата. Да се помага на сите на кои им треба помош и да се спортува.
BETTY: Која е Вашата порака за Нова година за читателите на BETTY магазин?
Многу е важно да сме позитивни и да гледаме позитивно на работите затоа што има луѓе кои сè наоѓаат нешто што не им чини, треба сам да дадеш сè што можеш да си помогнеш.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2016/11/App_cover_dec_2016.jpg" image_size="full" align="center"]