Фармацевти
Контакт

<< Назад

Нега на косата во зима

декември 1, 2016

Секое годишно време има свои правила за нега на косата, без разлика дали е боена или не, кратка или долга, кадрава или права. Во зимски услови косата почесто ја сушиме со фен, носиме капи, изложена е на топол воздух во загреани простории, а надвор на ветер и студ. За нашата коса да не го изгуби сјајот во зима, да не ѝ се уништуваат краевите и за фризурата да изгледа убаво и на студено и на влажно време, треба да се придржуваме до некои основни правила.

Фризура: Ако често носите капи и се нервирате што ви ја расипуваат фризурата, посоветувајте се со фризерот каква фризура би ви стоела, а да не се расипува од капата и променете ја во овој период од годината. На пример, ако сакате права коса, а природно ви е кадрава, имајте на ум дека косата на влажно време дополнително се витка, па ќе мора да ја исправувате повеќе од обично. Можеби за вас е добро решение во зима да ги оставите кадриците.

Шишање: Најдобра фризура е кога косата е добро шишана, затоа изберете фризер кој е мајстор на својот занает. Златно правило е краевите на косата да се скратуваат на секои три месеци, па немојте да чекате да се расцветаат, туку сторете го тоа навреме. Здравите краеви се многу важни за општ впечаток.

Хидратација: Задолжително во зима хидрирајте ја косата со препарати кои можете да ги купите во аптека и маркети (серуми, пакувања, маски, спрејови) или со смеша која сами сте ја направиле. Изматете маска од едно јајце, две лажици маслиново масло и сок од еден лимон, нанесете на влажна коса, па замотајте ја со пластична кеса преку која сте ставиле крпа и држете 45 минути, потоа исплакнете ја, измијте ја со шампон и нанесете регенератор.

Наелектризирана коса: Во зима косата често е наелектризирана, а за да го избегнете тоа,  би требало да се чешлате со четка од природни влакна, да ја миете косата со нежни шампони кои не ја сушат, користете регенератор после миење, носете капи од природни влакна кои не ја стегаат главата.

Кожата на главата: Измасирајте ја барем еднаш неделно кожата на главата и коренот на косата со маслиново или бадемово масло. Така ќе го превенирате првутот, на косата ќе ѝ дадете сјај, а кожата на главата ќе биде поздрава и поотпорна на временските прилики.

УВ-зрачење: Ако во зима одите на планина, т.е. престојувате на висока надморска височина, имајте предвид дека косата треба да ја заштите од УВ-зрачење со спреј за УВ-заштита на коса.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>