Фармацевти
Контакт

<< Назад

Eфикасна заштита на кожата при проблеми со инконтиненција

декември 1, 2016

Кожата е нашиот најголем орган и има повеќе заштитни функции. Поважните функции вклучуваат заштита од штетните ефекти од животната средина, заштита од бактерии, регулирање на континуирана физичка температура и спречување на прекумерното губење на вода од кожата. Ефективната нега и заштита на кожата  спречува појава на сложени проблеми, како што се инконтинентен дерматитис и декубитални рани. Инконтинентен дерматитис (ID), е оштетување на кожата поради изложеност на урина и/или измет на кожата. Најдобра заштита од ID е превентивна нега на кожата.

Кожата треба да се чисти  после секое  излачување на урина и фецес  со минимален притисок на кожата за да се избегне триење и оштетување на истата. Не се препорачува употреба на обичен сапун, бидејќи тој е во основа базичен и  ја зголемува  pH вредноста на кожата, со што таа станува подложна на оштетување. Предност на средството за интимна нега е што неговата pH вредност е помеѓу 3 и 4 и е слична на нормалната pH на слузницата, содржи супстанции кои ја намалуваат површинската напнатост на кожата и овозможува нејзино чистење со минимален притисок. Кожата лесно може да се оштети и со користење на груби и рапави  марамчиња или крпи.  Грубиот материјал создава дополнително триење на кожата. За ефективна нега на кожата погодни се и благи средства за суво миење (пена или лосион ), кои имаат pH вредност слична на pH на нормална кожа и не е потребно да се плакнат. Не е потребно бришење за да се исуши кожата, со што се избегнува дополнително триење и воедно се скратува времето за хигиена и нега.

Чистењето на кожата без  вода помалку ја оптоварува кожата, се намалува оштетувањето на кожата поради триење, се намалува бројот на непотребни движења и ја намалува можноста за пренос на бактерии.

За заштита на примателот и на давателот на нега од инфекции и бактерии е препорачано  при процедурите да се користат заштитни латекс ракавици.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>