Фармацевти
Контакт

<< Назад

Лекување со инхалации

декември 1, 2016

Покрај конвенционалните начини на земање терапија преку уста и преку крв, сè почеста е употребата и на инхалацијата за внес на одредени препарати во организмот.

Инхалациската терапија е вид на терапија при која лекот влегува во организмот заедно со воздухот кој го дишеме.

Така, активната компонента директно доаѓа во допир со дишните патишта и таму го постигнува своето дејство или се апсорбира па активира одредени одбранбени механизми.

Има повеќе типови на инхалатори, но целта на сите е иста –  да го претворат течниот лек во аеросол, течна прашина која може да се вдише.

Кои се предностите на инхалаторот?
Инхалаторот го испраќа лекот таму каде што е најпотребен – најчесто белите дробови. За разлика од системските лекови на кои им е потребно време за да преминат од гастроинтестиналниот тракт во крвотокот, инхалаторот го испорачува лекот директно во респираторниот тракт. На пр.,  албутеролот, кој  е најчесто користен бронходилататор, почнува да дејствува за 5 минути ако е внесен преку инхалација, а за 30 минути ако е внесен орално.

Со употреба на инхалаторот се користи мала доза на лек, со брз ефект и скоро и да нема несакани реакции.

Со употребата на инхалатор во домашни услови се избегнуваат посети во болница, допoлнителни инфекции и поддршка за побрзо оздравување.

Употребата на инхалатор во домашни услови кај деца е од непроценлива вредност.

Кога најчесто се препорачува инхалација:
- кај настинки и грип кои предизвикале создавање густ секрет во дишните патишта,
- опструктивен бронхитис,
- ларингитис (воспаление на гркланот),
- пневмонија (воспаление на белите дробови),
- астма,
- хронична опструктивна белодробна болест ХОББ.

Важно е и да се држите до упатствата за хигиена на вашиот инхалатор  за да спречите наталожување на бактерии на истиот и негова сигурна и долготрајна употреба.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>