Фармацевти
Контакт

<< Назад

Откривање на клетката

јуни 23, 2015

[vc_column width="1/1"]Пред точно 350 години, во 1665 година Роберт Хук, англиски физичар и секретар на Кралското друштво во Лондон, користејќи микроскоп од кожа и злато, открил клетка, на која ѝ го дал името според монашка соба. Изразот прв пат е употребен во неговиот труд Микрографика (Micrographica, ситно цртање), во кој ги опишал своите микроскопски и телескопски набљудувања, го објаснил процесот на согорување, кристалната структура на снегулките и ја дал студијата за фосилите. Роберт Хук го усовршил барометарот, телескопот и микроскопот, а во историјата на науката влегол и како научник кој ја докажал гравитацијата на небеските тела, и  тоа дека Земјата и Месечината се вртат околу Сонцето по елипсовидна патека, како и со откритието  на законот за истегнување на телата кој е наречен „Хуков закон“.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>