Фармацевти
Контакт

<< Назад

Чиста и здрава кожа на лице во три чекори

јануари 3, 2017

Милица Алексиќ

На кожата на лицето ѝ е потребна секојдневна нега, но тоа често го забораваме, па ќе се сетиме во последен час, обично пред прослави на кои сакаме да изгледаме убаво. Составен дел на beauty рутината е чистење, хранење и хидратација на кожата. Веќе по неколку дена се видливи позитивните ефекти, што може да биде добра мотивација посветувањето на здравјето на кожата да ни стане секојдневна навика во текот на целата година.

Чистење: Основно правило е пред спиење со чисти раце секогаш да ја отстраните шминката со препарат за вадење шминка, и тоа со нежни движења за да не предизвикате иритација. Мијте се со млака вода, а сапун избегнувајте, потоа исплискајте го лицето со ладна вода. За длабинско чистење на порите парете го лицето 2-3 пати неделно, но само 5 минути. Не мора да имате посебен апарат, доволно е да загреете вода во сад и да го навалите лицето над садот, покривајќи ја главата со пешкир. За често петминутно парење на лицето велат дека е „трик на француските манекенки“, познати по блескавиот тен. Пилингот на кожа, исто така, е корисен. Ако имате сува и чувствителна кожа на лицето, тогаш два пати неделно, а ако кожата ви е мрсна може и почесто. Загрејте две лажици мед, додадете лажица пченични трици и сок од пола лимон, па топлата, никако врела смеса нанесете ја на лице, оставете ја 20 минути, па исплакнете со млака вода.

Хранење: Кожата на лицето треба секојдневно да се негува со хранливи креми кои треба да се изберат во консултација со дерматолог. Дополнително средство за хранење на кожата се маските, кои треба да се користат барем 2 пати неделно и да се нанесат според основните принципи на масажа, од брадата кон слепоочниците, и од коренот на носот кон ушите. За сува кожа која знае да биде многу чувствителна се препорачуваат маски со растителни масла, жолчки и пченични никулци. Додека ја држите маската на лицето, добро е да се опуштите, замижете, а на пределот околу очите и на капаците ставете тупфер или газа која сте ја натопиле во млак чај од камилица. Маската лесно ќе ја отстраните со вата навлажнета со вода. Едноставна маска од половина банана која сте ја изгмечиле и помешале со четири лажици јогурт ќе му даде на вашето лице свеж изглед, бидејќи ќе го нахрани со витамини и минерали. Држете ја 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода. За хранење на кожата многу добра е и павлаката, која треба да се држи 10 минути.

Хидрирање: Дневно треба да се пијат 2 литри вода, а кожата да се хидрира со хидратантни креми, емулзии, раствори кои ја омекнуваат и ја задржуваат влагата. Помагаат и третмани  со пареа, облоги од растителни чаеви, но и триење на лицето со коцки мраз, кои, исто така, може да се прават од растителни чаеви. Маската од киви дава добри ефекти за влажнење на кожата, можете на лицето да нанесете изгмечено киви или тркалца од киви, држете ги на лицето 15 минути, а потоа исплакнете.Во склад со годините

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>