Фармацевти
Контакт

<< Назад

Музејот на Рипли

јануари 3, 2017

Во градот Орландо во американската држава Флорида се наоѓа еден од 29 музеи со необичен назив „Риплиево верувале или не“. Тука посетителите можат да видат неверојатни и бизарни експонати и работи кои Роберт Рипли ги собирал во првата половина на 20 век, а дел од својата колекција го опишувал и во стрипови и новинарски приказни  од 1929 година, кои се преведувани на десетина јазици. Во музејот во Орландо може да се видат оптички илузии кои ја извртуваат реалноста,   маса за билијар која пркоси на гравитацијата, но и двоглаво теле, пиле без глава, џиновски портрет на Ван Гог направен од 3000 разгледници на кои се претставени 115 негови цртежи, автомобил „ролс ројс“ направен 1907 година од милион шкорчиња, реплика на рикша на кинескиот цар конструирана од едно парче жад, насмевка на Мона Лиза на тост и уште многу неверојатни работи.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>