Фармацевти
Контакт

<< Назад

Живот со суво око

јуни 29, 2015

[vc_column width="1/1"]асс. д-р Христијан Дума

Суво око претставува состојба на квалитативен или квантитативен недостиг на солзи, со што се намалува подмачкувањето и навлажнувањето на очите. Солзите се неопходни за зачувување на здравјето на очната површина и за одржување на јасниот вид.  Луѓето со суво око или имаат намалена продукција на солзи или квалитетот на солзите е пореметен. Тоа е честа, најчесто хронична состојба, која најмногу се сретнува кај постарите луѓе.

Со секое трепкање на окото, солзата се распределува рамномерно врз очната површина,  што овозможува подмачкување, го намалува ризикот од инфекција на окото, ги измива надворешните честички од окото и ја одржува површината на окото мазна и чиста.

Факторите кои предизвикуваат суво око се многубројни и сите ние секојдневно сме изложени на голем дел од нив. Како еден од најважните се истакнува возраста.  Кај најголем дел од луѓето над 60 години се среќава суво око. Потоа полот, кај жените оваа состојба е многу почеста, особено во периодот на бременост, менопауза и при употреба на орални контрацептиви. Употреба на лекови како антихистаминици, антидепресиви, лекови за регулирање крвен притисок, исто така, предизвикува суво око. Кај многу болести како дијабетес, ревматоиден артритис, проблеми со тироидна жлезда, блефаритис (оток на очни капаци) и многу други како симптом се сретнува и сувото око. Можеби најчести фактори кои предизвикуваат суво око се факторите од средината како чад, ветер, сува топлина (радијатор, клима), работа пред компјутер, гледање ТВ, читање, носење контактни леќи и многу други.

Најчести симптоми кај овие луѓе се чувство на иритација, печење и жарење во очите, чувство на песок во очите, зголемено солзење и заматен вид. Понапреден стадиум на суво око може да ја наруши очната површина и да го оштети видот.

Сувото око или уште познато како уморно око не ги спречува луѓето во извршување на нивните секојдневни задачи, но во голем дел влијае врз квалитетот на нивниот живот. Може да биде причина за многу непријатно субјективно чувство во очите, кое води до траума и нервоза.

Третманот на суво око се спроведува со помош на капки наречени вештачки солзи. Се препорачуваат вештачки солзи со способност за подмачкување кои даваат можност за брзо и ефикасно ослободување од симптомите на суво око.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>