Фармацевти
Контакт

<< Назад

Семе од чија

февруари 1, 2017

Чувар на здравје и убавинаАна Николиќ

Содржи пет пати повеќе калциум од кравјото млеко, седум пати повеќе витамин Ц од портокалот, три пати повеќе железо од спанаќот, и има повеќе омега 3 масни киселини од лососот, а дневно се препорачуваат околу 28 грама, или две лажички од ова семе, кои пред консумирање треба да отстојат во вода за да набабрат

Чија семките (chia, Salvia hispanica) со причина се нарекуваат суперхрана бидејќи не содржат глутен, а се значаен антиоксидант, имаат околу 20 насто омега 3 масни киселини и се богати со протеини, јаглехидрати и есенцијални минерали, како калциум, фосфор, магнезиум, манган, бакар, цинк, железо и ниацин. Инаку, ова едногодишно растение од фамилијата нане, чија прататковина се Мексико и Гватемала, е познато уште од времето пред Колумбо и времето на Ацтеките и Маите и го ценеле древни цивилизации како здрава и енергетски јака храна.

Чија семките може да бидат со бела, црна, сива и кафена боја, долги се околу милиметар, а во вода бабрат и се зголемуваат и до 12 пати. Се вбројуваат во лесно сварлива храна, го поддржуваат развојот на пробиотските бактерии во органите за варење и го регулираат нивото на инсулин, па се смета дека се корисни и во превенција на дијабетес. Поради здравите омега 3 масни киселини консумирањето на овие ситни семки е добро и за превенција на срцев удар, како и за намалување на висок крвен притисок. Високиот процент на калциум, фосфор, витамин А и цинк го сврстува семето од чија и во чувар на забите, а изобилството на влакна е добар сојузник во слабеењето, додека антиоксидантите помагаат во борба против стареење на кожата, забрзувајќи го нејзиното обновување.

Многубројни здрави рецепти препорачуваат консумирање семки од чија во шејкови, кога се комбинира со свежо овошје, јогурт и мед. Дневно не треба да се консумира повеќе од две лажички суво семе од чија (околу 28 грама). Се препорачува секогаш да биде потопено во вода додека не набабри (до два часа), бидејќи семето во сушен облик може да биде незгодно за јадење, зашто се лепи за забите и предизвикува силна жед.

Славниот тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека многу често за појадок јаде чија пудинг со банани. Тој пудинг најдобро е да се направи така што две лажички чија семки ќе се потопат во 2 децилитри вода или бадемово млеко, па потоа се додава една банана или некое друго овошје по желба, неколку лешници и две лажици мед. Чија пудингот може да се подготви и навечер и да се остави преку ноќ во фрижидер, но во тој случај водата се додава дури наутро.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>