Фармацевти
Контакт

<< Назад

Воспаление на крајниците

февруари 1, 2017

Со јакнење на имунитетот против ангинаМилена Исаковиќ

Крајниците се дел од имунолошкиот систем на организмот и се во функција заштита од инфекции од бактерии или вируси. Меѓутоа, кога се воспалени тие веќе немаат одбранбена функција, туку стануваат жариште на инфекции. Од воспаление на крајници, или од ангина, најчесто заболуваат деца од шест години зашто нивната имунолошка заштита не е во потполност формирана.

Воспалени и отечени крајници се последица на влез на бактерии и вируси низ грлото во организмот. Симптоми на воспаление обично се болка во грлото, отежнато голтање, непријатен здив, зголемена телесна температура, но тие симптоми можат и да изостанат. Крајниците можат да бидат и зголемени, црвени, со гнојни точки.

Акутно воспаление
Акутното воспаление на крајниците обично е последица на вирусна инфекција, но можат да го предизвикаат и бактерии. Со преглед лекарот може да утврди дали крајниците се зголемени, црвени, со бели чепови. Кај бактериски воспаленија обично се зголемени и лимфните жлезди на вратот. Брис од грлото и анализа на крвната слика го објаснуваат потеклото на инфекцијата. Ако воспалението е од вирусно потекло, лекарот обично препишува мирување, витамини и противвоспалителни лекови, а во случај причинители да се бактерии, лекарот дава терапија со антибиотици.

Кога да се јавите на лекар
Воспалението на краниците може да се искомплицира ако навреме не се лекува, па затоа е важно да се обратиме на лекар, и тоа ако симптомите (болка, отежнато голтање) траат подолго од два дена, особено ако се придружени со висока телесна температура (повисока од 38,5 0С).

Компликации
Ако ангината не се лекува навреме, може да дојде до насобирање на гнојот помеѓу крајниците и околните меки ткива на задната страна на непцето, што е посебно опасно кај деца зашто го отежнува дишењето. Исто така, некои видови стрептококи, кои се причинители на воспаление на крајници, можат да предизвикаат ревматска грозница, како и воспаленија кои ги зафаќаат зглобовите, нервниот систем и срцето.

Можат да се јават и воспаленија на синуси, средно уво и бронхии. Токму поради тоа е многу важно веќе кај првите симптоми пациентот да се консултира со лекар, како и терапијата прописно да се спроведе до крај, дури и кога добро се чувствува. Кај зачестени  воспаленија (повеќе од четири воспаленија во една година), кога крајниците стануваат расадник на инфекции, лекарот предлага операција.

Превентива
Воспалението на крајниците не може секогаш да се спречи, но помага јакнење на имунитетот со здрава исхрана, суплементи и физичка активност, како и избегнување јавни собири, зачадени и непроветрени простории во време на инфекции.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>