Фармацевти
Контакт

<< Назад

Со пилинг до здрава и убава кожа

април 3, 2017

Милица Алексиќ

Негата на кожата е важна, па третманите треба да се прават редовно и на правилен начин. Кожата е најголем орган на човечкото тело кој е во постојан контакт со надворешната средина и е прва линија на одбрана од различни микроорганизми (бактерии, вируси итн.). Таа ги прима надворешните дразби (топло, ладно, притисок, допир и др.) и учествува во процесите на излачување (пот). Поради сето тоа пилингот е третман на лична, здравствена хигиена со која организмот се ослободува од токсините и со која се спречува насобирање мртви слоеви клетки кои секојдневно се заменуваат, што го олеснува дишењето на кожата, во исто време и ја чисти, освежува, омекнува и хидрира.

Постојат два основни вида пилинг: механички, со кој користејќи средства како што се трици или морска сол, механички се отстрануваат мртвите клетки од кожата, и хемиски, кога, пред сè, се користат овошни киселини. Пилингот може да се прави во козметички салон или во спа центар, кога го прави обучено лице, како и дома. Исто така, на пазарот постои голема лепеза на готови пилинг средства, а смесата за пилинг можете да ја направите и сами.

Кожа на лице: Кој пилинг е најефикасен за кожата на лицето е најдобро да одреди стручњак, дерматолог или козметичар. Она што е важно е да не се претера и да  не се отстрани заштитниот слој на кожата, како и да се прави пауза од неколку дена помеѓу пилинг и депилација.

Влажен пилинг: Се прави од комбинација на честички (крупна морска сол, пченично брашно, пченични трици и др.) и масла (маслиново, бадемово, кокосово и сл.) кои ги врзуваат честичките. На смесата може да се додадат и неколку капки екстракт од  масло од лаванда, лимон, нане. Ваков пилинг се прави еднаш до два пати во неделата.

Сув пилинг: За сув пилинг постојат наменски четки од меки, природни влакна, кои може да се најдат во подобро снабдени продавници. Кожата може да се чисти со четка секој ден, со лесни, кружни движења. Сувиот пилинг ја подобрува циркулацијата и е сојузник во борбата против целулитот.

Пилинг со сол: Лажица морска сол треба да се измеша со две лажици мед. Смесата да се нанесе на тело и да се остави 5 минути, па да се истуширате само со вода, без гел. Солта и медот ја прават кожата мазна и еластична.

Пилинг со овесни снегулки: Две супени лажици сомелени овесни снегулки  да се измешаат со лажица мед и со добиената смеса да се масира телото, па да се измие со обична вода, без користење сапун или гел. Овој пилинг се препорачува   за проблематична кожа склона кон акни.

Пилинг со пченичен гриз: Три лажици пченичен гриз да се измешаат со лажица мед, да се додадат 5 капки витамин А, да се држи на телото 5 минути и да се измие со вода. Овој пилинг ја омекнува кожата и ја прави свиленикава.

Пилинг со песок: Стапала кои се огрубени, особено петиците може да се третираат со масен крем во кој сте додале лажица чист песок. Смесата втривајте ја со кружни движења, а потоа исплакнете.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>