На планетата Земја постојат 5500 вида цицачи класифицирани во 1200 рода (во кои спаѓаат и човечките битија), чија една од заедничките особини е дека произведуваат млеко. Млеката се разликуваат во зависност од видот, количината и својствата, па така една камила може да произведе до 13 литри млеко на ден, додека кравите даваат околу 90 насто од вкупното млеко во светот. Млекото од ирвас е шест пати помасно од кравјото и толку е густо што народите од северот на Европа го разблажуваат со вода. Магарешкото млеко има околу 60 пати повеќе витамин Ц од кравјото. Млекото од кобила се користело во Кина уште пред 3000 години и важело за многу лековито, а и денес во Монголија е исклучително ценето.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци