Научниците од Калифорнискиот универзитет Дејвис и Лонг Бич откриле зошто џиновските панди се со црно-бела боја, споредувајќи го нивното крзно со 195 вида месојадци и 39 подвида мечки. Две се причините за разнобојноста на крзното, камуфлажа и комуникација. Пандите имаат лице, врат, стомак и задник со бела боја за да можат полесно да се скријат во снег, а екстремитетите им се црни за полесно да се скријат во шума. Џиновските панди се активни цела година (не спијат како мечките во текот на зимата) и поминуваат големи оддалечености, од планини покриени со снег до шуми. Темните уши и темните дамки околу очите им служат за плашење на предаторите.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци