Една фотографија, безброј спомениБојана Бугарски
Модерната технологија, односно дигиталните фотоапарати и смарт телефоните нè оттргнаа од навиката за изработка на фотографии и заборавивме на она чувство кога со нетрпение чекаме кај фотограф да изработиме фотографии за да уживаме во забележаните специјални моменти...
Фотографијата ги чува сеќавањата на драгите луѓе, на убавите моменти, евоцира спомени... Ви претставуваме две прекрасни и креативни идеи вашите фотографии да ги поставите на видно место во домот.
Замена за класични рамки за фотографии може да бидат стари рамки за слика. Нивната намена овде само малку се менува. Рамката за слика можете да ја боите, а кога бојата ќе се исуши, ставете клинци на рамката и на нив врзете коноп. Конопот малку ќе попушти, така што треба да оставите доволно простор под следниот ред. Со шипки закачете фотографии на конопот.
Втора, исто така, многу интересна идеја е рамка од дрвени гранчиња. Можете да ги соберете при прошетка во парк, а од нив дома само за неколку минути ќе направите рустична рамка. Ви предлагаме прво да ги премерите гранките и да ги скратите на одредена должина, нашите вертикални гранки се долги 40 см, а хоризонталните 30 см. Вкрстете ги приближно на 5 сантиметри од крајот и врзете ги со коноп. Од задната страна залепете хартија за готвење на која ќе залепите фотографија. Ќе додадете малку елеганција доколку на рамката нанесете пулејки или ја испрскате со спреј во боја (златна, сребрена...).
Дали со овие рамки ќе ги украсите ѕидовите или можеби ќе ги поставите на полица, изборот е на вас, но сигурни сме дека ќе ве наведат одвреме-навреме да изработите некоја фотографија, наместо да ги чувате во некој заборавен фолдер во вашиот компјутер.