Фармацевти
Контакт

<< Назад

Вакцини

јули 1, 2017

Заштита при патувања на далечни дестинациид-р Јелена Стефановиќ
спец. по имунологија

Имунизацијата е најефикасна и најефективна мерка на примарна превенција

Патувањата во егзотични земји се атрактивни, но носат и ризик од заболување од различни болести, па е неопходно пред заминување на пат да се спроведат заштитни процедури, од кои имунизацијата е најефикасна мерка на примарна превенција. Тоа го пропишува и Меѓународниот здравствен протокол за имунизација, кој според епидемиолошките индикации во некоја земја ја дефинира вакцинацијата на патниците. Поради тоа, доколку планирате да заминете во одреден егзотичен крај од светот, почнете со подготовки навреме, информирајте се детално и консултирајте се со својот лекар за неопходните чекори, од надлежности на здравствените институции, до податоци каква сè здравствена документација морате да имате.

Доколку планирате поради работа или школување подолго да престојувате во некоја земја, од вас ќе се бараат и податоци за прележани заразни болести и вакциналниот статус, во согласност со годините на живот. Станува збор за рутински вакцини за кои бараниот формулар го пополнува избраниот лекар. Доколку нема докази за прележани болести и примени вакцини, морате да се вакцинирате и да го пополните вакциналниот статус. За некои болести треба да се направи и серолошко тестирање како проверка на имунолошкиот статус, односно тест PPD (purified protein derivative), со кој се докажува инфекција со бацилот на туберкулоза.

ВИДОВИ ВАКЦИНИ: Светската здравствена организација дефинирала три вида вакцини за патниците:

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ: Вакцини против жолта треска или менингококни болести за земји кои тоа го бараат, како Саудиска Арабија за оние кои одат на аџилак во Мека и Медина.

СЕЛЕКТИВНИ: Вакцини против грип, хепатитис А, јапонски енцефалитис, лајмски болести, мениногокен енцефалитис, пневмококни болести, беснило, туберкулоза, енцефалитис од крлежи, стомачен тифус и др. Овие вакцини не се услов за влегување во земјата на патување, се препорачуваат врз основа на процена на ризик.

РУТИНСКИ: Тоа се вакцините OPV, HBV, MMR, IPV, Hib, а ги бараат развиените земји (САД, Канада и др. ) од патниците кои планираат подолг престој.

Многу е важно во консултација со лекар да се согледа епидемиолошката ситуација на земјата каде се патува, како и вакциналниот статус и реакција на претходни вакцини. За имунизацијата да биде ефикасна неопходно е да се вакцинирате навреме, бидејќи заштитата не се постигнува веднаш. На пример, вакцината против тифус се дава најмалку две недели пред патувањето, додека вакцината против HBV  инфекција се добива во три дози, со растојание меѓу првата и втората доза од еден месец, а меѓу првата и третата шест месеци (0,1,6).

Жолта треска
Во ендемските подрачја на Африка и Јужна Америка 45 земји (900 милиони жители) се изложени на ризик од ова акутно хеморагично заболување кое се пренесува со каснување од заразен комарец и предизвикува тешки оштетувања на црниот дроб и бубрезите со смртен исход. Најголем ризик во Јужна Америка има во Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор и Перу. Вакцината против жолта треска е ефикасна и обезбедува заштита после 7 до 10 дена по апликацијата, додека ревакцинацијата се спроведува секои 10 години, во случај на повторно заминување.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>