Фармацевти
Контакт

<< Назад

Спиењето – столб на здравјето

август 1, 2017

Недоволното спиење и хроничниот недостиг на сон според пишувањето на The Journal of Neuroscience, доведува до тоа „мозокот да се јаде сам себе“ и се зголемува ризикот од деменција. Научниците од Универзитетот Висконсин врз основа на истражувања сметаат дека причина се глијалните клетки, кои во структурата на мозокот ги има 10 пати повеќе од невроните. Глијалните клетки го сочинуваат имунолошкиот систем на мозокот, тие го штитат, и кога мозокот нормално работи, го отстрануваат само материјалот кој треба да се отстрани. Во случај на недостиг на сон, се активираат двојно повеќе овие клетки, а познато е и дека бројни болести на мозокот, посебно автоимуни, почиваат на дисфункција на глијалните клетки. Поради тоа се смета дека спиењето е еден од трите столба на здравјето, додека другите два се здрава храна и физичка активност.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>