Фармацевти
Контакт

<< Назад

Машка неплодност

август 1, 2017

Превенција со добри животни навикид-р Вељко Шантриќ, Клинички центар Србија

Инфертилитет или неплодност, според дефиниција, претставува неможност на парот да оствари зачнување после една година редовни незаштитени сексуални односи. Присутен е кај секој шести пар (15%), а машка причина за неплодност се наоѓа кај 50% од паровите кои не можеле да остварат зачнување

Инфертилитет, или неплодност, се дијагностицира кај паровите кои подолго од една година активно се обидуваат да остварат потомство (подразбира незаштитени редовни сексуални односи). Кога проблемот е присутен кај мажот, во прашање е машки инфертилитет.

Многу истражувања се насочени кон откривањето на причината за машкиот инфертилитет, но најчесто причината е непозната. Различни болести, повреди, како и одредени животни навики, имаат улога во појава на инфертилитет. За подобро да ја сфатиме неплодноста, мораме да споменеме нешто и за физиолошката состојба која ја нарекуваме „фертилитет“.

Фертилитет (плодност) претставува комплексен процес. Основните насоки опфаќаат:

Машкиот инфертилитет се создава најчесто од три основни причини: намалена продукција на сперматозоиди, нивни абнормални функции (краток животен век на сперматозоидите и/или намалена подвижност) и блокади при транспортот на сперматозоидите.

Медицинските причинители на инфертилитет опфаќаат:

Покрај медицински предизвикувачи, можни причини за инфертилитет можат да бидат и:

СИМПТОМИТЕ најчесто не се присутни. Покрај неможност за зачнување, кај мажите можат да се јават и симптоми поврзани со причинителот за појава на машкиот инфертилитет. Најчесто тоа се проблеми со сексуалната функција, намалена сексуална желба, еректилна дисфункција, отежната ејакулација, како и намален волумен на ејакулатите, потоа болка или непријатност во пределот на тестисот, како и симптоми од хормонален дисбаланс, како што се абнормален раст на дојките (гинекомастија) и намалена влакнетост.

ДИЈАГНОСТИКА: Проценка на машкиот инфертилитет опфаќа првично клинички преглед и проверка на поранешна медицинска документација.

Со цел понатамошна дијагностика, се користат следните тестови:

Најважен тест со цел анализа на машкиот инфертилитет претставува анализа на семената течност.

ЛЕКУВАЊЕТО на машкиот инфертилитет е насочено кон лекување на причинителот низ следните постапки:

ПРЕВЕНЦИЈА: Мажите кои се лекуваат од инфертилитет сигурно се запрашале кои сè превентивни мерки можеле да ги преземат за да ја зачуваат спермата здрава. Во некои случаи, навистина и немало ништо што мажот можел да го направи поинаку. Неплодноста може да биде последица од одредени медицински состојби, инфекции, или семејни болести. За други мажи, постојат одредени животни навики кои можат да се променат, како и влијанија на животната средина кои можат да се избегнуваат за да се одржи спермата здрава. Како прво, здрава сперма не значи број на сперматозоиди кои мажот ги произведува. Здравата сперма е одредена од нивниот квалитет, квантитет и подвижност

Покрај тоа, спиењето претставува мерка за превенција за многу состојби, од дебелина до депресија, па така и за инфертилитет. Најновата студија спроведена на Универзитетот во Данска го проценувала распоредот на спиење, прекин во сонот и навиките кај мажите во нивните рани дваесетти години. Научниците, исто така, ја испитувале и големината на тестисите на учесниците во студијата и примерок од спермограм за да ги анализираат бројот на сперматозоидите и нивниот мотилитет –  способност активно и спонтано да се движат. Мажите кои имале помалку сон, или често будење во текот на ноќта, во просек, имале помал број сперматозоиди, пониско ниво на тестостерон, како и помали тестиси во споредба со мажите кои имале поквалитетен сон. Исто така, значајно е и избегнување на продолжена изложеност на тестисите на топлина, кај честа употреба на сауни, кај пекарите, ложачите.

Покажано е и дека исхраната може да има значајна улога во одржување на здрави сперматозоиди. Неколку понови студии потврдуваат дека редовно земање ореви и моркови во исхраната може да има позитивно влијание на квалитетот на спермограмот. Првата студија спроведена на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес, утврдила дека секојдневно консумирање околу 75 грама ореви доведува до зголемување на квалитетот на спермата. Научниците сметаат дека причина за тоа е алфа-линолеинската киселина, природен извор на омега-3 масти. Друга студија, објавена во списание за испитување на стерилитет, дава уште една причина да јадете овошје и зеленчук. Околу 200 здрави мажи биле во состојба да ја зголемат количината и квалитетот на спермата за околу 8% откако во редовната исхрана вовеле жолто и портокалово обоено овошје и зеленчук – во значајна мера морков.

Животот во 21 век, преокупираноста со работни обврски, седечкиот начин на живот и лошите навики, го исцрпуваат нашиот организам и со самото тоа доведуваат до почеток на многу болести, кои потоа можат да бидат и причина за настанување на инфертилитет. Затоа најдете време за себе, имајте повеќе физички активности, јадете свежо овошје и зеленчук, поминувајте повеќе време во природа и дружење со пријатни луѓе, и имајте, пред сè, квалитетен одмор и сон. Кога таквиот живот ќе стане навика, вашиот организам ќе ви биде и тоа како благодарен.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>