Статистиката вели дека секое второ лице на возраст од 20 до 40 години забележува одвреме-навреме пад на фокусот, работната енергија и концентрацијата во текот на дневните активности. Секое лице постаро од 50 години констатира краткротрајна состојба на заборавање. Заборавањето и лошата концентрација го намалуваат кватитетот на живот и работната способност, па се препорачуваат квалитетни содржини од едукативен тип, како и методи на релаксација, како читање, јога и занимавање со некое хоби.
Редовната физичка активност ја стимулира подобрата снабденост со крв на мозочните структури и со тоа го подобрува нервниот метаболизам, а влијае и на подобар квалитет на сонот, кој е есенцијален за регенерација на мозочните активности. Студиите покажале дека луѓето кои во периодот од својата 20 до 60 година редовно практикуваат физичка активност имаат помали шанси да заболат од Алцхајмерова болест подоцна во животот.
Лицата кои имаат еднолична исхрана почесто имаат проблеми со меморијата. Во недостиг на соодветни нутриенти од храната, се препорачува употреба на суплементи.
Витаминот Б1 го подобрува метаболизмот на шеќерот во нервните клетки. Суплементацијата на овој витамин покажала добри резултати кај активности како што се учење и паметење. Витаминот Б12 ја стимулира регенерацијата на нервните влакна, па неговото земање е препорачливо. Покажано е дека кај лица постари од 60 години значително опаѓа нивото на овој витамин, па им се препорачува земање 1 мг секојдневно како добра профилакса на деменција. Витаминот Е има антиоксидативна, заштитна улога во нервниот систем и се препорачува земање до 2000 ИЕ дневно.
Гинко билоба е растение кое традиционално се користи за подобрување на меморијата. Ги подобрува флуидните особини на крвта и ја стимулира циркулацијата во мозокот. Ефикасен е во дози од 80 до 120 мг дневно. Гинко, меѓутоа, има и особина да ја разредува крвта, па се советува внимание доколку во исто време се земаат антикоагуланси.
Омега 3 масните киселини ја подобруваат распределбата на триглицеридите во крвта, го подобруваат квалитетот на ѕидот на крвните садови и имаат заштитна улога во нервниот систем. Се препорачува внес од 1 до 3 г на овие киселини дневно.
Препаратите со куркума имаат антистресно дејство, зголемувајќи ги новоата на „хормонот на среќа“ во мозокот. Имаат бавно дејство, па се препорачува земање од минимум три месеци во континуитет. Дополнително, за подобрување на енергијата и будноста се користат и жен-шен и артичка ружа.
Кофеинот го стимулира ширењето на крвните садови во мозокот, подобрувајќи го протокот на крв, ја зголемува будноста и концентрацијата. Често се наоѓа во составот на производи на база на кафе, зелен или црн чај. Се советува внимание со кофеинот, бидејќи при предозирања доаѓа до тахикардија, вознемиреност, тешко дишење и несоница.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци