Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како настануваат ураганите

ноември 1, 2017

Ураганите се тропски бури кои носат голема количина врнежи и многу силни ветрови. Се формираат над топлите океански води во близина на екваторот. Топлиот воздух над површината на океанот се крева и предизвикува вшмукување на воздухот од околните подрачја, започнувајќи циклус на создавање облаци од бура. Облаците потоа се ротираат со ротацијата на Земјата, а ако има доволно топла вода да ја „храни“ бурата, се формира ураган, кој се врти околу кружниот центар наречен „око“, каде се најсилните ветрови, најгустите облаци и силен дожд. Ветровите на ураганот може да достигнат брзина од 320 км/ч. На јужната хемисфера ураганите се движат во насока на стрелките на часовникот, а на северната хемисфера во обратна насока. Кога ураганот ќе дојде до копно, предизвикува подигање на нивото на водата и создавање големи бранови. Имињата на ураганите им ги дава Светската метеоролошка организација, по алфабетски ред, а имињата може да се повторат по шест години.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>