Фармацевти
Контакт

<< Назад

Копчиња, кончиња, лентички за РАЗИГРАНИ РАКАВИЦИ

ноември 1, 2017

Бојана Бугарски

Моден детаљ без кој дефинитивно не можеме да ги замислиме студените есенски и зимски денови се ракавиците

Може да се каже дека ни со еден модел нема да згрешите, се носат секакви, разнобојни, од различни материјали, но, секако, она што е најважно е да ни ја штитат кожата и да нè стоплат.

Обичните, еднобојни ракавици сега може да добијат целосно нов изглед. Израдувајте се себеси и вашите деца. Еве неколку идеи.

Доколку децата некогаш не сакаат да носат ракавици, овие модели сигурно нема да ги одбијат, а можете да ги креирате заедно и тоа само во неколку чекори.

На еден пар ракавици сошивме копчиња и лентичка и добивме симпатични смајли.

За другата идеја, односно диносаурус, потребен ви е поцврст материјал ‒ филц, на кој прво нацртавме запчиња, око и кикиришка, а после тоа внимателно ги исековме. Деловите зашијте ги или залепете ги на палецот, кажипрстот, и на горната страна на ракавиците. Опасно-симпатичниот диносаурус е подготвен за прошетка.

Прекрасна идеја која нуди можност некому да му покажете колку го сакате е да му подарите „срце на дланка“. Искројте црвена ткаенина со облик на срце и преполовете ја. Половина сошијте ја на ракавиците така што кога рацете ќе се состават, раздвоеното срце повторно ќе го добие својот облик.

На многумина повеќе им одговара прстите да им бидат слободни, поради полесно функционирање и непотребно вадење на ракавиците, при јавување на телефон, при возење автомобил...

Елегантноста и функционалноста ги споивме во едно, така што на обични црни ракавици им ги исековме прстите (прелагаме рабовите на исечениот дел или да ги сошиете или едноставно кратко држете ги до пламен околу нив за да не се распарат), нашивме валчести копчиња, а од сатенската лента направивме машнички, кои, исто така, ги пришивме на работ на ракавиците.

Со новиот пар ракавици веќе нема да има замрзнати прстиња, а децата се подготвени за уживање во зимските волшепства.

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>