Фармацевти
Контакт

<< Назад

Тренди капи од стари џемпери

јануари 1, 2018

Бојана Бугарски

 

Покрај тоа што ја чуваат и ја штитат главата од студ и врнежи, капите се незаобиколен моден додаток кој го заокружува целокупниот зимски дневен и вечерен стајлинг

Во мода се разновидни, од шубари, беретки, шешири, популарни Beanie капи, до наједноставни топли и меки волнени капи. Дизајнирајте и вие една. Еве предлози.

Сите имаме стари џемпери кои можеби се собрале, молец ги изел на незгодно место или од кои едноставно сме се заситиле и сме престанале да ги носиме. Ова парче облека можете да го искористите на креативен начин и едноставно и брзо од џемпер да направите капа која ќе ја носите барем неколку сезони.

Џемперот прво пресечете го хоризонтално во правец на пазувите или малку под, во зависност од тоа колкава длабочина на капата, всушност, сакате. Потоа исечете шев на едната страна, со тоа парче од џемперот премерете го обемот на главата и материјалот скратете го за вишокот кој останал. Преклопете го на три дела и исечете го горниот дел за да добиете јајцевиден облик. Пресвиткајте го материјалот на половина од опачината, а внатрешните рабови спојте ги со лепило за ткаенина. Ви остана уште да ја затворите капата од горната страна така што ќе ја спојувате секоја полукружна третина со соседната третина. Кога лепилото ќе се исуши, свртете од лице и капата може да се носи.

Наш предлог за капата да ја направите поинтересна и поатрактивна е да ја збогатите со реси, кои, исто така, брзо ќе ги направите сами. Потребно ви е клупче од волница и парче картон. Од картонот направете два прстена (со дупка во средина), спојте ги и пресечете ги со ножички на едно место. Мотајте ја волницата густо околу двата споени прстени. Кога ќе стигнете до крај, со ножички внимателно исечете ја волницата на рабовите на прстените, мотајте ја волницата помеѓу нив, стегнете и врзете во јазол, и на крај, тргнете ги картоните. Ви останува само уште да ги нашиете на капата.

Капите се подеднакво неопходни за жените, мажите и малите деца. Затоа фатете се за работа и обезбедете им на вашите домашни уникатни капи. Ќе ги носат со љубов и со топлина како на главата така и во срцето.

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>