Ретко кој човек денес може да се пофали со добро психофизичко здравје, вишок енергија, опуштени мускули, добра концентрација и ,,јаки“ нерви. Всушност, ретко кој организам е снабден со доволна количина магнезиум, минерал од клучна важност за целокупното оптимално здравје на современиот човек.
Магнезиумот активира повеќе од 300 ензими во телото, што го прави неопходен за правилно функционирање на бројни метаболистички процеси. Здравјето на нервниот, мускулниот и кардиоваскуларниот систем зависи од доволната количина магнезиум во клетките. Магнезиумот е потребен за апсорпција на калциум, со кој се вградува во коските и забите, и затоа е исклучително важен во фазата на раст и развој кај децата, како и во текот на бременоста и доењето. Овој минерал е дел од ,,енергетскиот систем“ на клетките, влијае и во согорувањето на мастите во организмот, а има и важна улога во варење на храната. Исто така, придонесува во регулација на pH рамнотежата во телото и ја зголемува хидратацијата на кожата. Магнезиумот е неопходен во одржување баланс при отпуштањето и прифаќањето на серотонин од мозочните клетки, односно дејствува смирувачки, посебно во состојби на несоница, анксиозност, раздрзливост, премор и ПМС.
Во организмот можете да внесете магнезиум многу едноставно, доколку се користи локално, со втривање во кожата. Трансдермалната примена ја намалува потребата за користење орални препарати со магнезиум, а истовремено овозможува брза апсорпција во количина поголема и од онаа кај најдобро формулираните орални препарати.
Магнезиум хлорид гел јоните за опуштање е нов производ , кој со својот состав и начин на примена ја олеснува грижата за вашето здравје и редовното внесување на неопходниот магнезиум. Формулиран на база на магнезиум хлорид, збогатен со етерични масла од лаванда и евкалиптус, за кратко време ќе ги обнови концентрациите во клетките и ќе ги олесни многубројните тегоби. Спортистите и рекреативците сега можат да го ублажат воспалението, болката, вкочанетоста на мускулите и да ги зголемат перформансите, сè во исто време. Можат да го користат и трудници, особено ако страдаат од грчеви и чувство на тежина во нозете, како и стари лица кои се движат тешко и оние кои долго седат. Наменет е и за втривање во пределот на слепоочниците кај главоболка и мигрена. Магнезиум хлорид гел јоните за опуштање ќе ви помогнат во состојба на стрес, нервоза, несоница, главоболка, грчеви во мускулите и за сите останати симптоми на недостиг на магнезиум во организмот.