Фармацевти
Контакт

<< Назад

БЕТА ГЛУКАНИ

април 1, 2018

За подобар имунитетНаташа Филиповиќ

Важат за моќни имуномодулатори, бета глуканите се меѓу најбараните производи во аптеките во пролет, првенствено поради тоа што го зајакнуваат и го подигнуваат имунитетот и ја стимулираат антибактериската и антивирусната активност на организмот. Овие важни хомополисахариди се добиваат од природата, пред сè, од клетките на разни видови печурки, квасец, овес и јачмен.

Бета глуканите најчесто се употребуваат во случаи на различни инфективни болести – на прво место кај инфекции на респираторниот тракт кои се предизвикани од габички, бактерии и вируси, како и кај различни алергии, но се применуваат и во локална терапија на површински слоеви на кожата и слузницата, кај заздравување на рани, последица од радијација и други повреди.

Респираторни инфекции: Многу научни студии кои го проучувале позитивното влијание на бета глуканите во терапија на инфекции на горните дишни патишта ја докажале зголемената активност на имунолошкиот систем и подобра одбрана на организмот при контакт со различни патогени елементи.

Инфекции предизвикани од патогени габички: Кај инфекции предизвикани од патогени габички како што е Candida albicans, бета глуканите докажано го подобруваат адаптивниот и заштитниот имунолошки одговор на организмот.

Антиалергиско дејство: На бета глуканите им се припишува и антиалергиско дејство, па нивната употреба, посебно во време на пролетни алергии, е многу корисна.

Нашиот имунитет е „ѕид“ кој има улога да нè брани од болести. Кога тој е силен, полесно може да се избори против сите напаѓачи. За јакнење на одбранбените сили на организмот може да придонесат и бета глуканите, кои помагаат во неговата заштита од инфекции, но се покажале ефикасни и во помошни терапии кај намалување на ниво на шеќер во крвта, холестерол, па дури и стрес. Бета глуканите, исто така, можат да бидат и дел од помошната терапија кај анемии, како и дијабетес. За дозирањето и потеклото на бета глуканите е потребно да се консултирате со лекар или фармацевт.

Видови сложени шеќери

Глуканите се, всушност, вид на сложени шеќери (полисахариди). Во природа можат да се најдат во алгите, лишаите, габичките, па дури и во некои бактерии. Ако ја исклучиме источната култура во која се консумираат алги, глуканите тешко и малку се внесуваат по пат на храна, а нашето тело не ги создава. Во време на закрепнување од болести, кога имунитетот ни е ослабен, како и во време кога има повеќе вирусни и бактериски инфекции, глуканите се покажаа многу ефикасни во јакнење на имунолошкиот систем.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>